Дневник / 24.03.2004
ЕВРОВИЗИЈА
Тоше Проески ќе настапи 15-ти на полуфиналната вечер на 49 издание за Избор на песна на Евровизија, што на 12 мај ќе се одржи во спортската сала ?Абди Ипекчии? во Истанбул. Ждребката за редоследот на учесниците на полуфиналната и финалната вечер беше одржана вчера во Истанбул. Полуфиналната вечер ќе ја отвори финскиот претставник Јари Силанпа со песната ?Двајца се потребни за тангоо?, а 22 е групата ?Ре-унионн? од Холандија, кои ќе ја пеат ?Без тебее?. Словенија ќе настапи 16-та, Хрватска 18, Србија 20 и Босна 21-ва. На финалната вечер на 15 мај први се претставниците на Шпанија, а последна ќе пее Лена Филипсон од Шведска. Домаќини на Евровизија се Мелтем Џумбуљ и Корхан Абеј. Во Истанбул, 36 национални радиодифузери испраќаат 15 пејачи, 11 пејачки и 10 групи, од кои шест дуети. На англиски јазик ќе бидат изведени 21 песна. Се очекува хрватскиот и кипарскиот претставник да пеат на националниот јазик и на англиски. С$ уште не е познато како ќе пеат португалскиот и албанскиот учесник. (Д. Ј.)