Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија / 26.03.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија / 26.03.2004 Empty
PostSubject: Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија / 26.03.2004   Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија / 26.03.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 1:49 pm

Утрински / 26.03.2004
Тоше Проески, специјално за "Магазин +"

Драги мои, ќе бидам искрен и ќе признам дека се навикнав со вас да ги делам сите работи што ми се случуваат , и приватно и професионално, и одвај чекам да дојде петок за да си ?помуабетиме", а потоа и да ги слушнам вашите коментари. Пишувањето за ?Магазин +" е нешто како мој дневник. Многу сум уморен. И кога ќе ви кажам дека неделата што е зад нас ми беше напорна и бурна, веројатно нема да ви откријам ништо ново. Бев во Холандија заедно со браќата Масевски, ја направивме промоцијата на спотот и песната во ?Александар палас", а во средата се врати и Лилја од Истанбул, каде што се одржа ждрепката за редоследот по кој ќе настапуваат евровизиските учесници. Задоволен сум и ми се допаѓа ?петнаесетката", тоа е позиција која ја посакува секој пејач, средина каде што увото е изострено за вистинските звуци.. Ќе биде навистина интересно, зашто по мене настапува и мојот пријател Жељко Јоксимовиќ, а кон крајот се и Словенците, Хрватите, Босанците... Југославија во мало. Во Холандија си поминав прекрасно, работев со луѓе кои се огромни професионалци, а истовремено толку обични и нормални луѓе... Ми беше огромна чест да снимам во студио каде што снимал Стинг, Роберт Палмер, Мик Џегер, Мајкл Џексон... Можев да ги насетам овие големи имиња во секое ќоше од студиото... По двата дена престој во Амстердам (интересен град каде што велосипедите го имаат главниот збор) се вратив во Скопје и веднаш заминав за Крушево. Ретки се моментите кога сме заедно со семејството, со мајка ми Доминика, татко ми Никола, сестрата, зетот, внучето, шарпланинците..., но затоа, пак, се толку драгоцени, вистинско богатство кое многу ми недостига... А овој пат навистина ги изненадив - отидов во Крушево со новиот мотор! Убаво е да се возиш по тие тесни сокачиња во кои е втиснато моето детство, живот, првата љубов... Убаво е да се биде во Крушево во пролет. Сў почнува да се раздвижува, да се раззеленува. Убавина. Сето тоа ми недостасува многу... Честопати кога сум дома, одам во блискиот манастир. Е, тоа место има навистина интересна приказна во себе: еден другар на татко ми го сонувал местото, каде што подоцна нашле темели од стар манастир и оттогаш почнала неговата изградба, тешко се собирале средства, но, некако, по 13 години успеале да го направат манастирот. И мислам дека од моментот кога татко ми почна да ја гради црквата со другарите, се промени целата ситуација во моето семејство, пред сў, егзистенционална. Самото споменување на тоа ме потресува до ден-денешен, а татко ми е секој ден таму и се грижи за сите тие работи. Никогаш нема да заборавам ниту на Македонија, ниту на Крушево, ниту на манастирот, зашто целата моја слава, здравје и среќни ситуации што ми се случуваат секојдневно, ги должам токму на тој празник - Св. Преображение. Постојано мислам на Бога и благодарен сум му што ми дава сила да ги надминам сите тешкотии и препреки во мојот живот. Ја спомнав промоцијата на спотот во ?Александар палас". Многу драги луѓе, пријатели, новинари, соработници... Имаше многу позитивна енергија, а тоа уште еднаш ми покажа дека сето ова што го работам не е за џабе. Напротив, тоа што го добивам од публиката како повратна реакција, ме исполнува сосема, а ќе бидам уште посреќен кога на 12 мај, во Истанбул, ќе се спомене моето име, а до него ќе стои Македонија. Тоа ќе ми биде најубавото чувство, зашто се ежам од странци кои не знаат каде е и не слушнале за Македонија! Ве сака, Тоше
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Се ежам од странци кои не слушнале за Македонија / 26.03.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: