Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Голем успех на македонските ѕвезди во Херцег Нови - 16.07.2001

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Голем успех на македонските ѕвезди во Херцег Нови - 16.07.2001 Empty
PostSubject: Голем успех на македонските ѕвезди во Херцег Нови - 16.07.2001   Голем успех на македонските ѕвезди во Херцег Нови - 16.07.2001 EmptyFri Sep 20, 2019 9:36 am

Дневник / 16.07.2001

Фестивал "СунЧане скале" Нашите музички звезди Тоше Проески и Каролина Гочева го освоија второто, односно третото место на Интернационалниот фестивал на забавни мелодии "Сунчане скале" што на 12,13 и 14 јули се одржа во црногорското летувалиште Херцег Нови. Тоше пред публиката во Херцег Нови се претстави со стариот хит "Сонце во твоите руси коси" (Г.Копров - О.Неделковски-К.Икономов) од неговиот прв албум "Некаде во ноќта", а Каролина премиерно ја отпеа композицијата "Кажи ми", која ќе се најде на нејзиниот нов албум што наскоро ќе се појави на пазарот. Автори на песната се Пери и Франц од групата "Нокаут". Да потсетиме, минатата година на истиот фестивал Тоше Проески ја освои, исто така, втората награда со песната "Тајно моја". Одличен настап имаше уште една наша позната пеjачка Тијана Тодеска, од неодамна Дапчевиќ, која со мелодијата "Степски вук" се пласира на четвртото место. Победник на "Сунчане скале" е хрватската пеjачка Ивана Банфиќ со композицијата "Сега е доцна". Во склопот на фестивалската програма, во првата вечер се доделуваат музички награди наречени "Принчеви", а на Тоше Проески му припаднаа: награда за најдобра песна ("Тајно моја"), најдобар пејач и за хит на годината. Во овие катагории номиниран беше и големата југословенска ѕвезда Здравко Чолиќ. Втората фестивалска вечер им беше посветена на младите таленти, меѓу кои настапи и југословенскиот пејач Даниел Ѓокиќ, кој соработува со нашиот познат композитор и продуцент Дарко Димитров. За наградите во третата финална вечер одлучуваше интернационално жири составено од 12 члена (двајца од Македонија), плус телевоутинг и Интернет гласање. Токму резултатите од изјаснувањето на широката публика ја потврдија големата популарност на Тоше во СР Југославија. Тој доби максимален број поени и од телевоутингот и од Интернет гласањето. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Голем успех на македонските ѕвезди во Херцег Нови - 16.07.2001
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2001-
Jump to: