Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

  "Ден за нас" двоен албум на Тоше / 21.04.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 "Ден за нас" двоен албум на Тоше / 21.04.2004 Empty
PostSubject: "Ден за нас" двоен албум на Тоше / 21.04.2004    "Ден за нас" двоен албум на Тоше / 21.04.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:27 pm

Дневник / 21.04.2004
ПромоциЈа

Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, ги истакна финансиските проблеми во кои се наоѓа евровизискиот тим пред патувањето во Истанбул Мегаѕвездата Тоше Проески завчера во хотелот "Александар палас" во Скопје го промовира својот нов проект "Ден за нас", копродукција на "Фајнал кат" и ма Македонската радио телевизија. Материјалот е издаден на два диска. На едниот се сместени осумте песни што Тоше ги отпеа на македонскиот "Евросонг", а на другиот се петте нови теми што ги снимаше во студиото "Матрикс" во Минхен. Бонус-нумери на цедето се хитовите "Чија си", "Никада" и евровизиската "Лајф". Двојното цеде се наоѓа во продажба по цена од 600 денари. Пред свечената промоција, на која присуствуваа пријатели, колеги и соработници на Тоше, беше одржана и конференција за печатот. Проески истакна дека песните од новиот проект му се подеднакво драги и оти секоја за себе е голем фаворит. За неодамнешниот настап на музичката манифестација во Сараево, каде што му беше доделена наградата "Даворин Поповиќ" за најдобар пејач од соседството, Тоше истакна дека бил мошне изиритиран што организаторот до неговото име ја ставил референцата ФИРОМ, наместо Македонија. - Им се обратив на присутните дека не познавам таква земја и дека јас доаѓам од Македонија. Публиката ме поздрави со аплауз. Во еден момент помислив да го откажам и настапот на "Евросонгот" во Турција зашто мојата земја, за жал, ќе биде напишана со таа референца - рече тој. Менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ, зборуваше за финансиските проблеми во кои се наоѓа нашиот евровизиски тим пред патувањето во Истанбул. Таа истакна дека Проески морал да одржи концерт во Данска за да собере средства за претставување во дел од земјите-учеснички на "Евросонгот" во Турција. Петровиќ откри дека се уште е неизвесно кои ќе бидат придружни вокали. Како причина таа ја наведе сумата од 3.000 евра што ја бара еден придружен вокал. Атмосферата стана порелаксирана по завршувањето на прес-конференцијата, кога во фоајето на хотелот Тоше седна крај клавирот и отпеа неколку странски хитовски теми. С.А.Н.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
"Ден за нас" двоен албум на Тоше / 21.04.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: