Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше доби амајлија со ликот на великата Скопјанка / 29.04.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше доби амајлија со ликот на великата Скопјанка / 29.04.2004 Empty
PostSubject: Тоше доби амајлија со ликот на великата Скопјанка / 29.04.2004   Тоше доби амајлија со ликот на великата Скопјанка / 29.04.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:31 pm

Дневник / 29.04.2004
АСОЦИЈАЦИЈА "МАЈКА ТЕРЕЗА"

На мегаѕвездата Тоше Проески, во Спомен-собата на Мајка Тереза, вчера свечено му беше врачена амајлија со ликот на великата Скопјанка. Амајлијата му ја подари Јорго Ќука, член на Граѓанската асоцијација "Скопјанката Мајка Тереза", кој на Проески му посака среќен пат и успешен настап на Евровизија. Уметникот Митко Тошев на Тоше му подари копија на гравурата на Мајка Тереза, која во светот ја имаат само двајца - папата и сестра Нармила, наследничката на редот на блажената Скопјанка. На свеченоста присуствуваа и децата од Домот за деца без родители "11Октомври", кои го расплакаа својот идол со песната што ја напишале за него за оваа пригода. Свеченоста заврши кога Проески, со зборовите: "Од Скопје заминувам исполнет со сета љубов што ја чувствувам кон своите сограѓани", се потпиша во Спомен-книгата на Мајка Тереза. На средбата присуствуваше Љупчо Јордановски, претседател на Собранието и познатите пејачи и верни пријатели на Проевски, Есма Реџепова, Виолета Томовска и Борис Трајанов. Тие ги изненадија присутните кога заедно го запеаја рефренот од песната " Молитва" на Томовска. Претседателот на Асоцијацијата, Стојан Тренчевски, најави и голем концерт на сите естрадни ѕвезди што досега ја добиле статуетката "Мајка Тереза". Концертот ќе се одржи на петти септември на Градскиот стадион. (А.А.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше доби амајлија со ликот на великата Скопјанка / 29.04.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: