Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

  Тоше ќе пее со благослов од г.г. Стефан / 05.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 Тоше ќе пее со благослов од г.г. Стефан / 05.05.2004 Empty
PostSubject: Тоше ќе пее со благослов од г.г. Стефан / 05.05.2004    Тоше ќе пее со благослов од г.г. Стефан / 05.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:34 pm

Дневник / 05.05.2004
ЕВРОВИЗИЈА

Песната што Тоше ќе ја испее на сцената во Истанбул нека биде македонска молитва до светот, рече поглаварот на Македонската православна црква г. г. Стефан, давајќи им благослов на Проески и на членовите на македонскиот евровизиски тим пред да заминат на "Евровизија". Поглаварот на МПЦ му подари крст на Тоше, а на членовите од тимот икони со ликот на Богородица и амајлии. Архиепископот рече дека Тоше е првиот претставник од Македонија што пред настапот на "Евровизија" побарал благослов и од црквата.Македонската пејачка мегаѕвезда се заблагодари за поддршката со зборовите дека само со вербата ќе може да го одбере вистинскиот пат. Пред да се сретне со архиепископот Стефан, Тоше влезе во Соборниот храм "Св. Климент Охридски", каде што се поклони пред олтарот и ги бакна иконите на Богородица, Исус Христос и на Климент Охридски, како и светиот крст. Старешината, прота Ѓорѓи Кацарски, му посака успех. - Како што делото на свети Климент Охридски стигнало до Балтикот, така неговиот глас посакуваме да се слушне на сите меридијани - рече Кацарски. Пред црквата меѓу обожавателите на Тоше беше и Андон Дончевски, поранешен селектор на фудбалската репрезентација. Тој му подари мала фудбалска топка. Проески и членовите на македонскиот тим завчера беа на приемот што во чест на "Евровизија" го организираше турската амбасада. Амбасадорот Мехмет Ташер му посака успех на оваа голема музичка манифестација на македонскиот претставник. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе пее со благослов од г.г. Стефан / 05.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: