Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004 Empty
PostSubject: Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004   Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:43 pm

Време / 12.05.2004
ВО ПРЕТФИНАЛЕТО НА „ЕВРОСОНГ 2004“ Ѓорге Стојанов

Водителската двојка Мелтем Кембул и Корхан Аба вечерва во арената „Абди Ипечки“ во Истанбул ќе го означи почетокот на 49-тото по ред издание на изборот на песна за „Евровизија“. Европската радиодифузна унија годинава е домаќин на рекорден број земји-учеснички (вкупно 36), а тоа беше и главната причина првпат „Евросонгот“ да се одржи во два дела. Во првиот дел, кој ќе се одржи вечерва, се евровизиските претквалификации на кои 22 земји-учеснички ќе ја бараат шансата за влез во финалето кое е закажано за во сабота, на 15 мај. По едногодишна пауза и Македонија се враќа на евровизиската сцена. Овојпат како адут ја имаме нашата најголема поп-ѕвезда Тоше Проески. Нашиот претставник ќе настапи 15. по ред, а на сцената ќе го придружуваат Александар Масевски, Тамара Тодевска, Маја Саздановскиа, Фани Христова и Дејан Ѓуровски. Кореографката Кренаре Невзати Кери најави несекојдневен сценски настап, а Тоше ќе се појави во авангардна бела креација на креаторот Александар Ношпал. Македонската радио и телевизија, која ги има правата за организирање на националниот избор, годинава одлучи по примерот на некои други земји да ја примени формулата за однапред познат пејач да се прават песни. Тоше е сигурниот избор, а и „Ангел си ти“ што се однесува до оригиналноста и квалитетот дефинитивно се издвојуваше од другите композиции. Александар Масевски, кој ја доработуваше песната, реши да ги извади тапанот и кавалот кои го доловуваат традиционалниот балкански призвук и песната ја приближи до светските модерни музички трендови. Овојпат ги ставаме настрана интернет-прогнозирањата и притисоците околу пласманот на фестивалот. Тоше, безрезервно те поддржуваме! Со среќа! ******** Само десет земји-учеснички ќе влезат во финале. Кои? 1. Финска: Ит такес тњо то танго- Јари Силланпаа 2. Белорусија: Мој галилеј-Алеџандра и Константин 3. Швајцарија: Целебрате-Пиеро Естериоре и Тхе Мусиц Старс 4. Латвија: Дзиесма пар лаими-Фоминс и Клеинс 5. Израел: Леха ' амин-Давид Д'ор 6. Андора: Југарем а естимар-нос-Марта Роуре 7. Португалија: Фои магица-Софиа 8. Малта: Он агаин. . . офф агаин-Јулие и Лудњиг 9. Монако: Пренез Соин, Де нотре Планете-Марион 10. Грција: Схаке ит- Сакис Роувас 11. Украина: Дикиѕе Тантсѕ-Руслана Лѕзхицхко 12. Литванија: Њхат'с хаппенд то ѕоур лове-Линас и Симона 13. Албанија: Имазхи ѕт-Анјеза Схаини 14. Кипар: Стронгер еверѕ минуте-Лиса Андреас 15. Македонија: Лифе-Тоше Проески 16. Словенија: Стаѕ форевер-Платин 17. Естонија: Тии-Неиокосо 18. Хрватска: Дајеш ми крила - Иван Микулиќ 19. Данска: Си'дет логн -Томас Тордарсон 20. Србија и Црна Гора: Лане моје - Жељко Јоксимовиќ 21. Босна и Херцеговина: Ин тхе дисцо-Деен 22. Холандија: Њитхоут ѕоу-Реунион ******** Гласањето - дополнителна возбуда за учесниците Европската радиоунија (ЕБУ) реши сите 36 земји-учеснички да гласаат единствено преку телефон. Гласањето ќе стартува веднаш по исполнувањето на последната песна и ќе трае десет минути. Дополнителна возбуда за сите земји-учеснички во вечерашниве претквалификации е најавата на организаторите дека гласањето нема да биде отворено. Десетте песни што ќе влезат во финалето ќе бидат запишани на плик и дури на крајот ќе бидат прочитани од водителите.

ТОШЕ ПРОЕСКИ НА ЕВРОСОНГ 2004
Канал5 / 12.05.2004
Македонската мегаѕвезда Тоше Проески денеска со песната „Ангел си ти“ во Истанбул ќе се натпреварува за влез во финалето на фестивалот Евросонг 2004, за што покрај Република Македонија се натпреваруваат уште 21 земја. Во конкуренција за Евросон Македонската мегаѕвезда Тоше Проески денеска со песната „Ангел си ти“ во Истанбул ќе се натпреварува за влез во финалето на фестивалот Евросонг 2004, за што покрај Република Македонија се натпреваруваат уште 21 земја. Во конкуренција за Евросонг 2004 се вкупно 36 земји, што е најголем број на учесници досега, а 14 земји, меѓу кои е и земјата-домаќин Турција, автоматски се квалификуваа во финалето кое ќе се одржи на 15 мај. На квалификациска вечер од 22 натпреварувачи ќе се изберат десет што ќе им се придружат на 14-те земји. Во трката за финалето се Тоше Проески и претставниците на Финска, Белорусија, Летонија, Израел, Андора, Португалија, Малта, Монако, Грција, Украина, Литванија, Швајцарија, Албанија, Кипар, Словенија, Естонија, Хрватска, Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Данска и Холандија. Како и во минатите евровизиски изданија, секое национално жири ќе гласа за десет песни со 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 10 и 12 поени. Четиринаесетте финалисти на Фестивалот се: Австрија, Исланд, Велика Британија, Полска, Романија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Шведска, Русија, Турција, Норвешка и Шпанија. Четириесет и деветтото издание на евровизискиот фестивал ќе се одржи во салата Абди Ипекџи, која собира околу девет илјади посетители. Песната Life, композиција и аранжман на Јован Јованов, беше избрана на националниот избор на песна за Евровизија, во македонска верзија со наслов „Ангел си ти“, меѓу осумте песни што ги испеа Проески. Сценската облека на Тоше и на петте придружни вокали за настапот во Истанбул ја изработи костимографот Александар Ношпал, кој за македонскиот натпреварувач направи креација од кожа во бела боја. Кореографијата на сценскиот настап на Тоше Проески е на Кренаре Невзати-Кери. Република Македонија од своето осамостојување досега трипати учествуваше на фестивалот Евросонг - во Бирмингем 1998, со настапот на Владо Јаневски, во Стокхолм 2000, со групата XXL и во Талин 2002 година, кога не претставуваше Каролина Гочева.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше ќе настапи 15. по ред! / 12.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: