Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004 Empty
PostSubject: Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004   Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:45 pm

А1 / 13.05.2004

И во Скопје и Истанбул публиката навиваше за Тоше и се надеваше дека најголемата музичка ѕвезда кај нас ќе влезе во финалето и конечно ќе им покаже како се пее на земјите кои како да се претплатени да бидат на врвот. „Се надевавме дека ќе влеземе во тие 10. Но не сакав да прогнозирам за да не се крева многу фама“, изјави Тоше Проески. Овде веќе се слави, Тоше ја освои Европа. „Тоше е супер, само напред и многу среќа во сабота“, коментираа денеска граѓаните. Мислењата за сценскиот настап и гардеробата на Тоше беа поделени но тој смета дека не треба ништо да се менува. „Тоа беше одлично прифатено вечерта и мислам дека не треба ништо да се промени“, рече Тоше. „Супер беше но не ми се допаѓаа тоа што тие позади него беа во црно, не се гледаа“, вели еден граѓанин. Иако со Евровизија се поврзани лобирањата и задкулисните пазарења Тоше се надева ќе победи добрата песна. „Кога се борат луѓето за прво и второ место мислам дека тука сигурно ќе биде присутна политиката, но ќе се потрудиме сето тоа да го сузбиеме. Со Божја помош не треба политиката да излезе на површина“, вели Тоше. Годинава Евровизија имаше за прв пат финална вечер. Сабота за најдобриот Евросонг ќе се натпреваруваат 24 земји.

Тоше Проевски во финалето на Евровизија
Канал5 / 13.05.2004
Македонската мегаѕвезда Тоше Проески синоќа во салата Абди Ипекџи во Истанбул со одличната интерпретација на песната Life се квалификуваше во финалето на фестивалот Евросонг 2004, заедно со уште девет земји, од вкупно 22 кои учествуваа во полуфиналето. Македонската мегаѕвезда Тоше Проески синоќа во салата Абди Ипекџи во Истанбул со одличната интерпретација на песната Life се квалификуваше во финалето на фестивалот Евросонг 2004, заедно со уште девет земји, од вкупно 22 кои учествуваа во полуфиналето. Во сабота на 15 мај, заедно со претставниците на уште 14 земји кои автоматски се квалификуваа во финалето, освен Македонија, ќе настапат и Србија и Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Албанија, Малта, Холандија, Украина, Грција и Кипар. Четиринаесетте финалисти на Фестивалот се: Австрија, Исланд, Велика Британија, Полска, Романија, Белгија, Франција, Германија, Ирска, Шведска, Русија, Турција, Норвешка и Шпанија. Согласно новите правила на натпреварувањето, организаторите на Евросонг 2004 само ја соопштија листата со десет земји кои се квалификуваа во финалето, меѓутоа не и пласманот на 22-те земји учеснички во полуфиналето. Песната Life, композиција и аранжман на Јован Јованов, беше избрана на националниот избор на песна за Евровизија, во македонска верзија со наслов “Ангел си ти”, меѓу осумте песни што ги испеа Проески. Сценската облека на Тоше и на петте придружни вокали за настапот во Истанбул ја изработи костимографот Александар Ношпал, кој за македонскиот натпреварувач направи креација од кожа во бела боја. Кореографијата на сценскиот настап на Тоше Проески е на Кренаре Невзати-Кери. Република Македонија од своето осамостојување досега трипати учествуваше на фестивалот Евросонг - во Бирмингем 1998, со настапот на Владо Јаневски, во Стокхолм 2000, со групата XXL и во Талин 2002 година, кога не претставуваше Каролина Гочева.

Блескавата изведба на Тоше ја внесе Македонија во финалето
Време / 14.05.2004
„ЕВРОСОНГ 2004“ Даниел Михајловски (специјален известувач од Истанбул) Маја Јаневска (фоторепортер) Извонредната вокална интерпретација на нашиот евровизиски претставник, Тоше Проески, и го донесе на Македонија посакуваното учество во саботното големо финале на 49. издание на „Песна за Евровизија“. Првата виолина на македонската забавна музика завчера во спортскиот храм „Абди Ипекчи“ на извонреден начин покажа дека е голем пејач и тоа веројатно беше пресудниот момент, кој ја внесе Македонија меѓу десетте среќници кои го продолжија својот престој во Истанбул за уште три дена. Се покажа дека една од најважните работи кои помогнаа Тоше да успее да се квалификува за финалето е и неговата популарност во неколку соседни земји, зашто неофицијалните информации што ги добивме зборуваат дека токму оттаму сме добиле најголем број поени. Фактот дека од петте бившојугословенски земји што зедоа учество на годинашниот „Евросонг“ дури четири влегоа во финалето (во тоа не успеа само Словенија), само го потврди она што на големо зборуваше – дека годинава поранешните југословенски републики ќе го следат примерот на скандинавските и на балтичките земји и меѓу себе ќе си ги поделат поените. Мора да се признае дека голема поддршка имаше од големиот број навивачи во салата. Близината на Турција до Македонија си го стори своето – во Истанбул пристигнаа огромен број обожаватели на Проески, па во арената по Турците најмногубројни беа Македонците. А дека беа најгласни, тоа беше сигурно. Како и да не биде така кога меѓу нив беа и „колегите“ на Тоше од фестивалот „Златно славејче“ - малите славејчиња. Веројатно тоа беше еден од главните фактори кои влијаеја врз сигурноста на неговиот настап. Интересно е тоа што не беше соопштено која од десетте земји колку поени освоила, па не може да се добие реална слика за впечатокот што Тоше го оставил кај европската публика. Како и да е, ништо од спомнатово не може и не смее да го минимизира она што сите го видовме и чувме – дека нашиот евровизиски претставник чесно се потрудил на достоен начин да ја претстави Македонија на „Евросонг“, манифестација на која неретко се случувало музиката да биде во последен план. Тоше успеа во својата прва задача – да ја внесе Македонија во финалето. Имавме и среќа при ждрепката: го добивме третото најдобро место предвидено за полуфиналистите што ќе успеат да влезат во главната вечер. Така, ја добивме 15-тата стартна позиција в сабота, а поголема среќа од нас имаа само Грција и Кипар, кои ќе настапат 16, односно 22. Останува да се види каков успех ќе имаме во саботната, овојпат многу посилна конкуренција. ******** Фаворитите лесно до финалето Земјите што неофицијално важеа за фаворити за влез во финалето без поголеми проблеми успеаја да го направат тоа. Ова пред се важи за претставниците на Србија и Црна Гора (Жељко Јоксимовиќ и „Ад хок оркестра“), Грција (Сакис Рувас), Украина (Руслана) и Босна и Херцеговина (Дин). На неколкуте проби што ги имаа токму овие пејачи оставија најголем впечаток врз публиката и новинарите, па нивниот влез меѓу најдобрите беше нешто што речиси никој не го доведуваше во прашање. ******* Прес-конференцијата на победниците во знак на Македонија Веднаш по соопштувањето на имињата на десетте земји што влегоа во финалето беше одржана прес-конференција на која зедоа учество сите десет претставници. Најголема атракција беа новинарите од Македонија, кои од силината на својот аплауз подолго време на Тоше не му дозволија да дојде до збор. Воопшто земено, Македонците во изминативе неколку дена со својата полетност и добро расположение ги собраа симпатиите на најголем број од делегациите и гостите присутни на „Евросонг 2004“. ******** Скандалозни изјави на Жељко Јоксимовиќ Завчера „Евросонг“ го доживеа најголемиот скандал во последниве неколку години. Имено, во салата за прес-конференции непознати луѓе делеа листови со делови од интервју кое српско-црногорскиот претставник на „Евросонг“, Жељко Јоксимовиќ, го дал за белградската телевизија Пинк, а кое било пренесено во сараевскиот дневен весник „Дневни аваз“. Скандалот е во тоа што, како што пренесува „Дневни аваз“, Јоксимовиќ изјавил: „Во Константинопол, пардон Истанбул, дојдов да се одмаздам за 500. години ропство. А сцената во салата 'Абди Ипекчи' е сто пати полоша од онаа на српската музичка манифестација Беовизија“. Наводното интервју пренесено во „Дневни аваз“ предизвика многу контроверзии, но најчестите коментари беа дека станува збор за политизирање на настанот. За малку ќе се случеше и раскол во босанската делегација, бидејќи, како што дознавме, членовите на босанската делегација од српска националност (од Република Српска) се заканија дека ќе ја напуштат делегацијата, зашто, според нив, тоа што го пренел читаниот сараевски дневен весник, воопшто не ни било кажано. Членовите на српско-црногорската делегација не беа достапни за коментар, а колегите-новинари од нашата соседна земја негираа дека било кажано такво нешто.

Тоше во финалето
Дневник / 14.05.2004
утревеЧер "Избор на песна на ЕвровизиЈа" во истанбул Полуфиналната вечер во Истанбул ја следеа повеќе од 450 Македонци, а специјална гостинка на Проески е Сара Трајковска, ќерка на починатиот македонски претседател Мегаѕвездата Тоше Проески ќе пее во финалето на 49-то издание на "Избор на песна на Евровизија", што ќе се одржи утре во салата "Абди Ипекчи" во Истанбул. Другите девет учеснички на финалната вечер се: Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Малта, Холандија, Грција, Кипар, Украина и Хрватска. На финалната вечер на Евросонг, Тоше ќе пее петнаесетти зашто ковертот со името на Македонија водителката го извлече осмо по ред. По соопштувањето на резултатите, Проески, со преостанатите финалисти, пристигна во салата за конференции со македонското знаме во рацете, видливо среќен и возбуден. - Тешко е да се опишат моите чувства во овој момент. Би сакал да ви се заблагодарам на сите, особено на луѓето од мојата земја што дојдоа да ме бодрат во Истанбул - изјави Проески и запеа дел од песната "*Лифе". На новинарското прашање, што очекува во финалната вечер, Проески кратко одговори: "Што ќе каже Господ" и го покажа крстот од синџирот што го носеше на себе. И во оваа пригода, на барање од новинарите, ги истакна гласовните квалитети, пеејќи ја аријата "Коренграто". Пред настапот во полуфиналето, Проески беше повлечен во својата соба. Дознаваме дека цел ден ништо не јадел, дури не пиел ни вода, бидејќи со празен желудник пеењето било најефективно. За разлика од него, Жељко Јоксимовиќ - претставникот на Србија и Црна Гора, Украинката Руслана и Гркот Сакис Рувас неколку часа пред квалификациската вечер шетаа околу прес-центарот, се фотографираа и даваа интервјуа. Јоксимовиќ во едно свое интервју истакна дека дошол да го освои Константинопол, односно Истанбул, и ќе им наплати на Турците за ропството на неговиот народ од 400 години. Тој вешто ги одбегнуваше прашањата околу сличноста на неговата песна со таа на познатиот музичар Аликан Семедов, која се наоѓа на цедето "Буда бар 5". На прес-конференцијата истакна дека е многу среќен и возбуден што влегол во финалето, а потоа го претстави својот бенд, кој засвири дел од темата "Лане моје". Босанскиот преставник Дин се качи на маса и почна да ја пее својата евровизиска тема и да игра. Најзбунета од сите беше кипарската претставничка, која едвај одговараше на поставените прашања. Од сите полуфиналисти, најомилени кај публиката во салата "Абди Ипекчи", но и кај новинарите и членовите на делегациите беа енергичната Украинка со исклучителниот сценски настап и гркот Сакис, кој рече дека Евровизијата е голема прослава на музиката и најави дека луѓето од многу земји повторно ќе се обединат, но преку спортот на Олимписките игри во Атина. Земјите што не влегоа во финалето поразот го поднесоа достоинствено, освен претставниците на Естонија, кои, додека траеше прес-конференцијата, пееја и викаа пред салата. По завршување на прес-конференцијата, на импровизираната сцена до салата "Абди Ипекчи" концерт одржа Сертаб Еренар, ланската победничка на Евросонгот, во присуство на многубројна публика. Вчеравечер заедничка забава одржаа претставниците на Србија и Црна Гора и на Украина. Полуфиналето на Евросонгот го проследија повеќе од 8 илјади посетители. Меѓу нив имаше и над 450 Македонци, а најмлади навивачи на Тоше беа децата од хорот "Златно славејче", кои деновиве престојуваат во Истанбул. Специјална гостинка на Проески е Сара Трајковска, ќерка на покојниот претседател Борис Трајковски. И покрај напорите на турскиот организатор се да биде под контрола, околу 1.500 Финци не можеа да ја следат целосно последната генерална проба, иако купиле влезници, бидејќи пробата почна еден час порано. С.А.Н.

Тоше финалист
Дневник / 14.05.2004
евросонг во истанбул Мегаѕвездата Тоше Проески ќе пее во финалето на 49-то издание на "Избор на песна на Евровизија", што ќе се одржи утре во салата "Абди Ипекчи" во Истанбул. Другите девет учеснички на финалната вечер се: Србија и Црна Гора, Босна и Херцеговина, Албанија, Малта, Холандија, Грција, Кипар, Украина и Хрватска. На финалната вечер на Евросонг, Тоше ќе пее петнаесетти зашто ковертот со името на Македонија водителката го извлече осмо по ред. По соопштувањето на резултатите, Проески, со преостанатите финалисти, пристигна во салата за конференции со македонското знаме во рацете, видливо среќен и возбуден. - Тешко е да се опишат моите чувства во овој момент. Би сакал да ви се заблагодарам на сите, особено на луѓето од мојата земја што дојдоа да ме бодрат во Истанбул - изјави Проески и запеа дел од песната "Life".
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески се пласираше во финалето на Евросонг 2004 / 13-14.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: