Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

  Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004 Empty
PostSubject: Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004    Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:55 pm

Време / 15.05.2004
ЕВРОСОНГ 2004 Даниел Михајловски (Специјален известувач од Истанбул) Маја Јаневска (фоторепортерка)

Со вечерашниот настап на претставниците на 24 европски земји ќе се спушти завесата на 49. издание на „Евросонг“. Визата за финалето, покрај 14-те отпорано познати земји, во завчерашното полуфинале ја обезбедија уште десет учесници, меѓу кои и нашиот Тоше Проески. Тој вечерва ќе стартува од истото место, 15-то, кое пред три дена се покажа среќно за него. Оптимизмот и меѓу многубројната македонска експедиција и меѓу членовите на официјалниот македонски тим се зголемува по одлично завршената работа во полуфиналето. Она што многу присутни новинари го забележаа е дека интерпретацијата на Тоше станува се посигурна. - Очигледно е дека самодовербата и моќта на интерпретацијата на Тоше растеа од ден на ден. Она што го покажа во полуфиналето беше навистина впечатливо и сигурна сум дека вечерва ќе биде уште подобар. Јас внимателно ја следам неговата кариера во последниве четири-пет години и добро знам колкави се неговите вокални квалитети, па не се сомневам дека најдоброто од него се уште не сме го виделе. Исто така, мислам дека песната многу подобро ќе звучеше доколку ја отпееше на македонски јазик, бидејќи тоа ќе и дадеше поголема доза автентичност, но ни вака не е лоша. Очекувам и Тоше и нашиот Жељко Јоксимовиќ да се пласираат меѓу првите десет во финалето, со што в година ќе ја избегнеме полуфиналната вечер. Сепак, знаејќи дека на „Евросонг“ политиката често знае да ги „претумба“работите, нема да ме зачуди ако послаби песни поминат подобро од нашите - ни изјави колешката Славица Даниловиќ-Каран од белградскиот весник „Недељни телеграф“. За новинарските екипи е многу тешко да дојдат до Проески. Тој поголем дел од своето време поминува одморајќи во хотелот. Во арената „Абди ипекчи“ доаѓа само на пробите, но веднаш потоа си заминува назад. Очигледно е дека сите физички и ментални сили ги насочува кон тоа да има што подобар настап на „Евросонг“. Завчера се појави на кратко во хотелот „Холидеј ин“, на забавата што ја организираа српско-црногорската и украинската делегација, но не се задржа подолго од 30 минути. Дознавме и дека нашол малку слободно време и да се прошета низ Истанбул, да види некои од знаменитостите и да посети некои од славните чаршии, но членовите на официјалната македонска делегација велат дека во мислите му е само вечерашното финале. Она што е сосема извесно е дека и вечерва ќе има огромна поддршка од многубројните Македонци што во изминативе неколку дена пристигнуваат во Истанбул. ******** Евросонг 2004 низ бројки Годинашното издание на Евросонг поминува под знакот на навистина фасцинантни бројки, кои само го одразуваат растежот на оваа манифестација. На 49. издание на Евросонг учествуваат повеќе од 700 музичари од 36 земји; финалето телевизиски ќе биде пренесувано во 41 земја: во 36, кои зедоа учество на манифестацијата, и во пет, кои не се членови на Евровизија (Австралија, Порторико, Ерменија, САД и Косово); минатиот Евросонг, одржан во Рига, Латвија, бил следен од 100 милиони гледачи. Се очекува годинава таа бројка да биде надмината; Евросонг ќе го обезбедуваат 3.000 полицајци и 220 припадници на специјално обезбедување; Осветлувањето инсталирано во салата „Абди ипекчи“ тежи 55 тони, а за неговото поставување се употребени 85.000 метри кабел; Сцената во салата е долга 27, а широка 21 метар; Од настанот известуваат повеќе од 1.700 новинари. ******** Грешки во полуфиналното гласање во Хрватска и во Монако Европската радиодифузна унија (ЕБУ) објави дека компанијата што ги собираше гласовите од земјите во полуфиналето, „Дигаме“ (подружница на конгломератот „Дојче телеком“) регистрирала проблеми при собирањето на телефонските гласови во Монако и гласовите преку СМС во Хрватска. Како што дознавме, станува збор за грешка во софтверот што требало да ги собира гласовите. За среќа, се покажа дека грешката немала никакво влијание врз пласманот на десетте земји што се пласираа во финалето. Имаше одредени претумбации само во пласманот и во бројот на бодовите на оние земји што не се квалификуваа во финалето. Во соопштението што до новинарите го упатија луѓето од ЕБУ и „Дигаме“ се вели дека ќе направат се за тие проблеми да не се повторат и во финалето. Сепак, најголем дел присутни новинари изразуваат сомнеж во исправноста на гласањето. Најголемите негодувања се упатени кон системот на гласање преку СМС-пораки. Имено, овде сите се прашуваат дали постои сигурен начин да се провери кој добил најголем број гласови преку пораките. Начинот на гласање вечерва ќе биде ист како и во полуфиналето, но соопштувањето на резултатите ќе биде транспарентно. Промената во однос на претходните изданија на „Евросонг“ е во тоа што годинава земјите нема да гласаат според редоследот по кој настапиле, туку по азбучен ред и тоа според меѓународните ИСО-кодови по кои е позната земјата (ГБ за Велика Британија, ДЕ за Германија, ЦХ за Швајцарија...).
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше и Македонија се посигурни во „ангелот“ / 15.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: