Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004 Empty
PostSubject: Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004   Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 4:58 pm

Дневник / 15.05.2004

Дента по одржувањето на полуфиналето Проески поголем дел од времето го искористи за шетање и шопинг. Тој во такси си го изгубил крстот од синџирот, кој по извесно време му го вратил хотелскиот таксист. Тоше присуствуваше на заедничката забава на Србија и Црна Гора и Украина. Веднаш по неговото доаѓање, го опкружија многу девојки што го бакнуваа, сакаа да се фотографираат со него, го "нападнаа" новинари, фоторепортери и камермани... Дел од неговото слободно време го искористивме за краток разговор со него.

l Како се чувствуваше петте минути на сцената во полуфиналето? - Бев во "благ шок". Се концентрирав само на настапот.

l Очекуваше ли дека ќе се пласираш во финалето? - Ништо не можете да очекувате со 100-процентна сигурност, колку и да верувате дека ќе успеете во се. Секогаш се случуваат непредвидени нешта. Навистина не сум оптоварувам со пласманот, но бев сигурен повеќе од 99 отсто дека ќе влезам во финалето.

l Како ги доживеа миговите кога се соопштуваа финалистите? - Мирно и сталожено. Не бев нервозен како што беа некои од моите колеги од земјите-учеснички што беа во моја близина.

l Која беше првата реакција кога слушна дека ќе пееш во финалето? - Бев пресреќен. Но, од друга страна, ми беше тешко што не претставија како ФИРОМ.

l Македонија е пресреќна и го слави твојот успех. - Слушнав за тоа, а добив и многу честитки од Македонија. Навистина сум пресреќен што на мојот народ таа вечер му донесов многу радост. Ги поздравувам сите и им се заблагодарувам на поддршката.

l Што мислиш, дали ќе влеземе во првите десет земји со најголем број бодови, што значи директен пласман на идниот Евросонг? - Јас ќе дадам се од себе за да ја прикажам Македонија во најубаво издание. Не се оптоварувам со пласманот и не калкулирам со прогнозите. Тоа го реков и пред да дојдам во Истанбул.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Проески: Среќен сум што ја израдував Македонија / 15.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: