Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Победи Украина, Тоше четиринаесетти / 17.05.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Победи Украина, Тоше четиринаесетти / 17.05.2004 Empty
PostSubject: Победи Украина, Тоше четиринаесетти / 17.05.2004   Победи Украина, Тоше четиринаесетти / 17.05.2004 EmptyMon Sep 23, 2019 5:06 pm

Дневник / 17.05.2004
ЕВРОСОНГ, ИСТАНБУЛ Второто место го освои Жељко Јоксимовиќ, а третото Гркот Сакис Руфас
СОЊА АЛЕКСОСКА-НЕДЕЛКОВСКА Наш специјален известувач од Истанбул

Украинката Руслана со темата "Wild dace" победи на 49-то издание на Изборот на песна на Евровизија, што завчера се одржа во салата "Абди Ипекчи" во Истанбул. Второто место го освои Жељко Јоксимовиќ, а третото Гркот Сакис Руфас. Тоше Проески се пласира на 14. место. За победникот гласаа претставници од 36-те земји-учесници на Евросонгот. Сертаб Еренар на Руслана и ја додели кристалната статуетка со знакот на ЕБУ. По прогласувањето на победата, Руслана со танчарите и со придружните вокали пристигна во прес-центарот со украинското знаме, се качи на стол и ја отпеа победничката песна. - Имам премногу емоции во срцето, среќна сум и многу збунета. Не се надевав дека ќе победам. Мислев дека победник ќе биде Жељко Јоксимовиќ. Верувам во Европа, во сите вас. Најмногу верувам во Господ и во љубовта - изјави Руслана и додаде дека нејзини фаворити биле Турција, Грција, Србија и Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина. Руслана е автор на музиката на победничката тема.Таа откри дека не спиела со денови додека ја правела песната и го снимала спотот. На сцената таа остави впечаток со оригиналниот стил, јакиот глас и со впечатливата кореографија. Нејзиниот последен албум што го снимила во март 2003 година, "Wild dace", постигнал платинест тираж. Таа изјави дека добила честитка од претседателот на Украина. - Украина е мала земја со добар имиџ. Луѓето се прекрасни и верувам дека и во мојата земја ќе си поминете убаво како во Истанбул - изјави годинашната евровизиска победничка, која другите делегации ја нарекоа модерна барбика. Во Истанбул со неа допатува и нејзиниот сопруг, кој беше премногу среќен и возбуден. Јоксимовиќ го освои второто место со песната "Лане моје". Пред доаѓањето во Истанбул тој изјавил дека е многу подобро да се пласираш на дваесеттото место отколку да бидеш втор. Годинашниот евровизиски спектакл, што го отвори ланската победничка Сертаб Еренар, го следеа 40 земји, а во неговата реализација учествуваа околу 2. 500 луѓе. Во салата обоена во црвено, во боите на турското знаме, беа присутни повеќе од 7.500 луѓе. За гламурот на сцената придонесоа и дваесетте видеобима на кои компјутерски се менуваа мотиви за настапот на секој учесник. Годинашниот Евросонг го проследија повеќе од 1.700 новинари. И обезбедувањето беше на завидно ниво: 3.000 полицајци и 220 луѓе од специјалното обезбедување се грижеа за учесниците. Сите пејачи по завршувањето на финалето се забавуваа на коктел што се одржа во еден елитен локал во Истанбул. На завчерашната конференција, претставниците на ЕБУ истакнаа дека Турција се покажа одличен домаќин на Евросонгот. Се зборува дека за подготовките за Евросонгот Турција одвоила 10 милиони евра. Според информациите, Истанбул од туризмот годишно заработува 5 до 6 милијарди долари. Луѓето во Истанбул веруваат дека по одржувањето на Евровизијата таа бројка ќе се зголеми за три милијарди долари.

Претставничката на Украина, пеачката Руслана победи на натпреварот за Избор на песна на Евровизија што се одржа синоќа во Истанбул. Второто место го освои претставникот на Србија и Црна Гора Жељко Јоксимовиќ, а третото грчкиот претставник Сакис Рувас. Македонскиот претставник на Евросонгот, Тоше Проевски го освои 14-то место со 47 гласови. Во финалната вечер на Евросонгот учествуваа 24 земји, а за нивниот пласман одлучуваше публиката од 36 земји по пат на телевоутинг. Во финалето, покрај 14-те земји кои имаа обезбедено директно учество, настапија и Македонија, Хрватска, БиХ, Албанија, СЦГ, Грција, Кипар, Малта, Украина и Холандија, кои учество во финалната вечер го обезбедија во полуфиналето во средата. „Сигурен сум дека имавме најубав настап. Сите тоа го кажаа. Дефинитивно запрепастени се од тоа како испеавме. Џабе е дури и Елвис Присли да пее за Македонија“, изјави за Македонското Радио - Радио Скопје Тоше Проески по синоќешното финале на „Евросонг 2004“. Тој исто така дава и совети за идниот македонски натпреварувач на Песна за Евровизија в година. „На тој што ќе оди на Евровизија му препорачувам само на шега да ја земе работата, да не вложува нерви и здравје, нека одат луѓето да се 'зезаат' на Евровизија. Јас сум премногу среќен, имавме преубав настап“, нагласи Проески.

Соседските 12-ки го поттурнаа Тоше на 14. место
Време / 17.05.2004
ЗАВРШИ 49. ИЗДАНИЕ НА „ЕВРОСОНГ" Даниел Михајловски Дури ниту првиот македонски глас Тоше Проески не можеше да се избори за директен пласман на Македонија на наредното издание на „Евросонг", кое ќе се одржи во главниот град на Украина, Киев, откако „Дивиот танц" на претставничката на таа земја, извонредната Руслана Лужичко и нејзината песна „Wild Dance" ја покорија музичка Европа на годинашното издание на манифестацијата. Големата тројка која до крајот се бореше за првото место ја заокружија Србија и Црна Гора и Грција. Македонија испушти историска шанса да избори добар пласман на „Евросонг", имајќи предвид дека поголем дел од земјите кои потенцијално би гласале за нас (балканските земји) учествуваа на финалната вечер во салата „Абди Ипекчи". Зошто и како не го остваривме тоа е тема која бара поопсежна анализа, но сепак, некои работи не може и не смее да се доведуваат во прашање: желбата, волјата и подготвеноста на Тоше достојно да ја презентира својата татковина, како и неговата супериорна вокална изведба. Се друго (организацијата на македонската делегација, квалитетот на песната што ја исполни во Истанбул, кореографијата, стајлингот…) веројатно во деновите што следуваат ќе биде предмет на широка опсервација во медиумите и во јавноста. Повторно се покажа дека токму евровизиското телефонско гласање дава најпрецизна слика на пријателствата и на симпатиите меѓу европските народи. Соседските и пријателските народи си делеа 10-ки и 12-ки како од ракав, притоа не водејќи никаква сметка за квалитетот на песните и за интерпретациите на кои им подаруваат бодови. Телефонското гласање покажа и една друга работа – дека земјите што имаат широко разгранета дијаспора добиваат и многу бодови. Таков беше примерот со Албанија, која освен од Македонија и од Србија и Црна Гора, многу бодови доби и од земјите во кои има и значителен број иселеници. Сепак, споменатите главни фаворити Украина, Србија и Црна Гора и Грција сосема заслужено ги зазедоа првите три позиции, имајќи предвид дека секоја од нив доби бодови од речиси сите земји што учествуваа на „Евросонг". Не дека и во тие нивни резултати немаше политика и соседска наклонетост (Руслана доби по 12 бода од сите земји што произлегоа од поранешниот Советски Сојуз, освен од Белорусија, од која доби десет), но беа толку супериорни што секакво доведување во прашање на нивните пласмани е бесмислено. На крајот, украинската фурија и членовите на нејзиниот тим сосема заслужено ги освоија најголемите симпатии на европските земји и на својата татковина и ја донесоа привилегијата првпат да биде домаќин на „Евросонг". На крајот, изјавата на Руслана, која многу кажува за нејзините труд и упорност, кои и донесоа успех: - Се во животот мора да се направи со сопствени раце. Јас ја направив и испеав песната која на мојата земја и ја донесе победата, што ми беше најголем сон. Кога навистина се трудиш и бајката станува стварност. Само три поени не одделија од директен лет до Киев Само три поени и фалеа на Македонија за директно да се квалификува за наредниот „Евросонг". Имено, иако официјално само најдобро пласираните десет земји директно обезбедуваа пласман за наредното издание на манифестацијата, доколку некоја од земјите кои се основачи на „Евросонг" и имаат привилегиран статус (Велика Британија, Франција, Шпанија и Германија) обезбеди пласман преку освоени поени, тогаш автоматски се отвораат дополнителни места за земјите што оствариле пласман полош од десеттото место. Годинава Шпанија и Германија се пласираа повисоко од фамозното десетто место, па за наредното финале на „Евросонг" се пласираа и 11-то и 12-то пласираните земји. Во случајов, стануваше збор за Русија и Малта, а Малтежаните освоија 50 поени, само три повеќе од Тоше. Да биде работата уште потрагична, Македонија на Малта и даде токму три поени. На крајот, токму тие три поени се покажаа како кобни за нас. Во моментов се уште не се знае дали в година Македонија ќе мора да минува и претквалификации за да влезе во полуфинална конкуренција, поради тоа што не успеа да обезбеди добар пласман на годинашниот „Евросонг " Македонија низ иглени уши се провлекла во финалето Европската радиодифузна унија по завршувањето на финалната вечер ги објави официјалните резултати на земјите, остварени во полуфиналната и во финалната вечер. Македонија во полуфиналната вечер, одржана на 12 мај, го освоила десеттото место, последното што обезбедуваше виза за финалето. Тоше Проески таа вечер освоил 71 поен, еден помалку од деветопласираната Хрватска, а 14 повеќе од 11-тиот Израел, кој освоил 57 бода. Како што може да се види од извештајот, најголемиот број бодови сме ги добиле од нашите соседи и од останатите балкански земји: Србија и Црна Гора (12 поени) , Босна и Херцеговина (Cool, Албанија (Cool, Словенија (6), Хрватска (5) , Грција (4) ) …

ТОШЕ ПРОЕСКИ НА 14-ТО МЕСТО НА ЕВРОСОНГ 2004
Канал5 / 17.05.2004
Македонската мегаѕвезда Тоше Проески го освои го освои 14-то место во финалето на Изборот на песна на Евровизија што се одржа завчера во салата "Абди Ипекџи" во Истанбул. За одличната интерпретација на песната Life Проески освои 47 гласови. На нат Македонската мегаѕвезда Тоше Проески го освои го освои 14-то место во финалето на Изборот на песна на Евровизија што се одржа завчера во салата "Абди Ипекџи" во Истанбул. За одличната интерпретација на песната Life Проески освои 47 гласови. На натпреварот победи претставничката на Украина, Руслана победи, пред претставникот на Србија и Црна Гора, Жељко Јоксимовиќ и на Грција, Сакис Рувас. Во финалната вечер на Евросонгот учествуваа 24 земји, а за нивниот пласман одлучуваше публиката од 36 земји по пат на телевоутинг. Песната Life, композиција и аранжман на Јован Јованов, беше избрана на националниот избор на песна за Евровизија, во македонска верзија со наслов "Ангел си ти", меѓу осумте песни што ги испеа Проески. Сценската облека на Тоше и на петте придружни вокали за настапот во Истанбул ја изработи костимографот Александар Ношпал, кој за македонскиот натпреварувач направи креација од кожа во бела боја. Кореографијата на сценскиот настап на Тоше Проески е на Кренаре Невзати-Кери. Република Македонија од своето осамостојување досега трипати учествуваше на фестивалот Евросонг - во Бирмингем 1998, со настапот на Владо Јаневски, во Стокхолм 2000, со групата XXL и во Талин 2002 година, кога не претставуваше Каролина Гочева

Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Победи Украина, Тоше четиринаесетти / 17.05.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: