Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Албумот на Проески ќе се издава во Хрватска и во Словенија / 19.06.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Албумот на Проески ќе се издава во Хрватска и во Словенија / 19.06.2004 Empty
PostSubject: Албумот на Проески ќе се издава во Хрватска и во Словенија / 19.06.2004   Албумот на Проески ќе се издава во Хрватска и во Словенија / 19.06.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 8:26 am

Дневник / 19.06.2004
Музика

Новиот албум на Тоше Проески "Дан за нас" на хрватскиот и на словенечкиот пазар ќе се појави со заштитен знак на позната издавачка куќа "Далас рекордс". Промоцијата на албумот во Загреб и во Љубљана е закажана за почетокот на јули. - Тоше Проески, според мене, е најквалитетниот поп-пејач не само во Македонија туку и на Балканот. Нашата фирма внимава на реномето и бара квалитетни изданија и изведувачи што ќе "траат" долго. Навикнавме да го отвораме пазарот не само за странски туку и за домашни пејачи затоа што сакаме предизвик. Се надевам дека Тоше ќе постигне успех во Хрватска и во Словенија - изјави Никола Секуловиќ, заменик-директор на издавачката куќа "Далас рекордс". Со заштитен знак на таа куќа на хрватскиот пазар се продаваат албумите на Џибони, Северина, "Прљаво казалиште", како и на други познати имиња од музичкиот свет на Хрватска и на Словенија. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Албумот на Проески ќе се издава во Хрватска и во Словенија / 19.06.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: