Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ќе пее на "ѕвездено небо" / 29.06.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ќе пее на "ѕвездено небо" / 29.06.2004 Empty
PostSubject: Тоше ќе пее на "ѕвездено небо" / 29.06.2004   Тоше ќе пее на "ѕвездено небо" / 29.06.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 8:27 am

Дневник / 29.06.2004
ВЕЧЕРВА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН

За концертот на Тоше Проески, што ќе се одржи вечерва на Градскиот стадион во 20.30 часот, специјално од Белград пристигнаа три шлепери опрема за озвучување, за сценографија и за светлосни ефекти. Сцената со големина од 150 квадратни метри ќе биде во вид на ѕвездено небо. На неа ќе бидат поставени и четири видеобима. За озвучувањето ќе се погрижи екипата што ги озвучува концертите што се одржуваат на белградскиот стадион "Маракана", а е задолжена и за звукот на познатиот музички фестивал "Беовизија". Гости на концертот ќе бидат членовите на групата "Синтезис". Покрај бендот составен од познати музичари, Проески ќе го придружуваат и седумнаесет танчарки. Концертот на Тоше ќе биде снимен и ќе се направи дивиди издание. Преносот ќе го реализира познатиот белградски режисер Станко Црнобрња. Влезниците по цена од 300 денари може да се купат во продавниците "Југотон", "Германос" и "Космофон" низ Македонија. (С.А.Н)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ќе пее на "ѕвездено небо" / 29.06.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: