Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004 Empty
PostSubject: Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004   Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 8:30 am

Дневник / 01.07.2004
КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ

Еуфорично расположен од почетокот до крајот Тоше на тричасовната свирка по секоја песна и се обраќаше на публиката, која го скандираше неговото име Солистичкиот концерт на мегаѕвездата Тоше Проески што се одржа завчеравечер на Градскиот стадион во Скопје го проследија повеќе од 16.000 луѓе, кои во еуфорично расположение уживаа во тричасовната музичка програма. Со ова концертно издание Проески ќе биде запишан во историјата на македонската поп- музика како прв изведувач што пеел на Градски стадион, што досега беше својствено само за ѕвездите од поранешните југословенски простори. Концертниот жур го најави неговиот пријател, босанскиот пејач Емано, кој изведе нумера од својот репертоар. Актерката и водителка Весна Петрушевска во нејзин стил ја потсети публиката на најважните мигови од кариерата на нашата "бајадера". Проески пристигна од северниот влез на стадионот придружуван од момчиња со факели во рацете.

- Ви ветив дека ќе направам ваков концерт. Му благодарам на Господ што ми ја исполни оваа желба. Вие направивте да живеам за вас и за песните што ви ги пеам. Ајде да се забавуваме и да ја размениме енергијата - видно возбуден од атмосферата и се обрати на публиката.

Размената на енергиите се оствари уште на почетокот на концертот кога Тоше ги отпеа најновите хит-балади "Го лажам секој нов рефрен" и "Има ли ден за нас". Песните се редеа една по друга, а вистинско освежување беше настапот на групата "Ритмика" со која Тоше ја отпеа нумерата "Hold Me Tide". Оваа група изведе и една инструментална тема, а публиката едноставно "шекна" кога на сцената се појави танчарка која изведе стомачен танц. Во еден миг Тоше се обиде да и парира во играта, клекна на колена и почна да плеска со рацете. Со неговите гости, групата "Синтезис", ги отпеа песните "Жена балканска" и "Ој девојче". Беспрекорни во свирката како и секогаш "Синтезис" ја изведоа и темата "Во наше село". Најголемото и најпријатно изненадување за публиката беше настапот на групата "Шест ангели", што ја сочинуваа деца од ОУ "Димитар Миладинов"од Скопје. "Фронтменот" на бендот десетгодишниот Шенол облечен како Тоше на Евровизија и неговите придружни вокали ја воодушевија публиката со нивната кореографија на песната "Лајф". Тие успешно ги имитираа настапот на Тоше и неговите придружни вокали на евровизиската сцена во Истанбул. Тоше неколкупати истакна дека ова му е најдрага ноќ во животот, која никогаш нема да ја заборави. Возбудата и среќата беа видливи на неговото лице. Еуфорично расположен од почетокот до крајот, тој речиси по секоја испеана песна и се обраќаше на публиката, што досега не било својствено за него. Во еден момент истакна дека посакува ваков концерт да направат и неговите колеги од македонската сцена, и ја замоли публиката да слуша пред се македонска музика. И овој пат ги воодушеви обожавателите со својата вокална интерпретација и импровизација. Тие му возвратија со пеење, скандирање на неговото име и со аплаузи. Ако се изземе фактот дека концертот почна со задоцнување од половина час, организацијата беше на високо ниво. Сцената во вид на ѕвездено небо делуваше доста атрактивно, осветлувањето и озвучувањето беспрекорно. Круна на тричасовната свирка за која се погрижи "Фајнл кат продукција" беше спектакуларниот огномет со кој Тоше му го честита првиот роденден на својот спонзор "Космофон" и му се заблагодари за поддршката. По заминувањето од сцената не можеше да одолее на скандирањето на публиката и повторно се врати со бендот "Блу фанки индивидуалс" и оркестарот на Зоран Џорлев, кои уште еднаш потврдија дека се мајстори на својот занает. Големи пофалби и за танчарската група "Клуб 21" од Прилеп. Тоше се збогува со својата публика составена од различни генерации меѓу кои беа и македонските политичари, Владо Бучковски, Ристо Пенов и Андреј Жерновски со ветување за повторна средба на Градскиот стадион. С.А.Н.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Настан за македонската музичка историја / 01.07.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: