Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ја живееше својата триумфална ноќ / 01.07.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ја живееше својата триумфална ноќ / 01.07.2004 Empty
PostSubject: Тоше ја живееше својата триумфална ноќ / 01.07.2004   Тоше ја живееше својата триумфална ноќ / 01.07.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 8:32 am

Време / 01.07.2004
КОНЦЕРТ НА НАШАТА МУЗИЧКА ЅВЕЗДА

Завчерашниот исклучителен подвиг остварен на Градскиот стадион, кој само ѕвезда како Тоше Проески може да си го дозволи, дури и да се сфати како прерана кулминација во неговата релативно кратка музичка историја, несомнено ќе остане врвно достигнување, кое за неговите колеги уште долго време ќе претставува научнофантастичен филм. Спектакуларното шоу на тинејџерскиот миленик, значеше врескање, скандирање на неговото име, кубење коси..., односно синхронизиран делириум на 15-илјадната публика, кој не попушти во ниту еден момент од тричасовниот концерт. Но, завчерашната претстава значеше и маестрална изведба на Проески, изразена преку уште за едно скалило повисоката вокална зрелост, прецизно дополнета со одличната инструментална екипа што одлично си ја заврши работата. Во ноќта за паметење, еднакво стимулативни за публиката беа и тазе рефрените и оние постарите хитови, кои всушност и ја родија ѕвездата. Не помалку аплаузи изнудија и „Синтезис“, на големо задоволство на Проески, кој не потсети дека враќањето кон корените и негувањето на изворната македонска песна е мотив плус за подобра музичка едукација. Секоја чест и за инструменталната формација на тарабуки „Ритмико“ од Велес, а воздишки за соло-перформансот на атрактивната изведувачка на стомачен танц, пред која клекна и самиот Проески. Но, оние што беа таму веројатно едногласно ќе се согласат дека најискрените симпатии отидоа кон оригиналната имитација на „Лифе“ од страна на детето-ѕвезда, кое се појави облечено во идентичната креација од евровизискиот настап на Тоше во Истанбул. Дури Тоше и да не ни признаеше дека ја живее својата триумфална ноќ, тоа сосема јасно можеше да се види неговата емоционална ерупција. Изјавите од типот „уште 31 буква да имаше во азбуката не ќе можев да ви кажам колку ве сакам...“ или „јас не треба да платам за авторски права за да ви кажам дека ве сакам најмногу...“, иако самите по себе се тоа, не се доживуваа како патетични. Да резимираме: „момчето од Крушево“ уште еднаш покажа зошто е уникатна фигура на нашата музичка сцена.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ја живееше својата триумфална ноќ / 01.07.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: