Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

  Музички гладијатор во Античкиот театар / 06.08.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 Музички гладијатор во Античкиот театар / 06.08.2004 Empty
PostSubject: Музички гладијатор во Античкиот театар / 06.08.2004    Музички гладијатор во Античкиот театар / 06.08.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 8:43 am

Дневник / 06.08.2004
КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО ОХРИД

Публиката се натпреваруваше во пеење со Тоше и покажа дека добро ги знае сите негови песни Античкиот театар во Охрид прексиноќа беше претесен за да ги собере сите обожаватели на мегаѕвездата Тоше Проески. Повеќе од три илјади гости, два и пол часа пееја и играа на неговите песни. Иако пред концертот во Охрид врнеше дожд, времето сепак беше на страната на Тоше и за време на концертот не заврна ниту капка. Дваесетина минути пред Тоше да излезе на сцената публиката го скандираше неговото име, а кога тој конечно се појави и ја запеа нумерата "Илузија", сите запеаја со него.

- Се надевам дека концертот ќе биде исто толку успешен како и оној на Градскиот стадион во Скопје - рече Тоше на почетокот на концертот. По неколку изведени песни тој го смени мислењето и рече дека нема потреба концертот во Античкиот театар во Охрид да личи на тој во Скопје бидејќи секој концерт си има своја магија. Тоше ги пееше добропознатите хитови, а публиката постојано го следеше и на цел глас ги пееше со него, па дури на моменти не беше потребна ниту музика.

- Се чувствувам како да сум гладијатор во Колосеумот во Рим - рече Тоше за преубавиот Антички театар. Тоше ги пееше своите песни на македонски, на српски, а во неговиот репертоар имаше и теми од светски познати музички ѕвезди. Мегаѕвездата постојано ја анимираше публиката, организирајќи своевидни натпреварувања во пеење. Тој го делеше Античкиот театар на лев и десен дел и ги тераше присутните во публиката да се натпреваруваат кој погласно ќе ги испее неговите песни. Атмосферата за време на концертот беше одлична. Осветлувањето постојано го следеше ритамот на песните, но озвучувањето беше доста слабо. На озвучувањето забелешка имаше и Тоше, кој неколкупати рече дека дури и публиката е погласна од звучниците. За подобра атмосфера за време на концертот се погрижија и танчарите од "Клуб 21" од Прилеп. Бендот "Блу Фанки индивидуалс" одлично си ја заврши работата свирејќи ги беспрекорно сите познати хитови на Тоше. За време на концертот се случи и една комична ситуација. Публиката на цел глас, без да го згреши текстот, пееше една песна што Тоше ја изгреши. Како и секогаш, познатиот срцекршач ги освои срцата на девојките во публиката, но на крајот тој сепак рече дека подеднакво ја сака својата публика. На излезот од Античкиот театар стотина девојки го чекаа Тоше да се појави, но силното обезбедување направи тој да остане недопирлив за нив.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Музички гладијатор во Античкиот театар / 06.08.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: