Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 25 ГОДИНИ ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НА МАЈКА ТЕРЕЗА / 19.08.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 25 ГОДИНИ ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НА МАЈКА ТЕРЕЗА / 19.08.2004   Empty
PostSubject: ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 25 ГОДИНИ ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НА МАЈКА ТЕРЕЗА / 19.08.2004    ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 25 ГОДИНИ ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НА МАЈКА ТЕРЕЗА / 19.08.2004   EmptyTue Sep 24, 2019 8:45 am

Канал5 / 19.08.2004
Во рамките на чествувањата по повод 25 годишнината од доделувањето на Нобеловата награда за мир на Блажената Мајка Тереза на нејзиниот роденден - 26 август ќе биде промовирана публикацијата “Биографија за Гонџа Бојаџиу” на англиски јазик. “Истио Во рамките на чествувањата по повод 25 годишнината од доделувањето на Нобеловата награда за мир на Блажената Мајка Тереза на нејзиниот роденден - 26 август ќе биде промовирана публикацијата “Биографија за Гонџа Бојаџиу” на англиски јазик. “Истиот ден, ќе бидат запалени свеќи на гробот на нејзиниот татко, а ќе биде откриен и спомен ѕид на феудалната кула пред Домот на АРМ каде што се наоѓа и нејзината спомен соба”, рече на денешната прес-конференција претседателот на граѓанското здружение “Скопјанката Мајка Тереза” Стојан Тренчевски. Чествувањата по овој повод ќе продолжат и на 5 септември, Денот на упокојувањето на Мајка Тереза, со централна манифестација во Македонскиот народен театар каде ќе бидат врачени признанијата за хуманост “Послание Мајка Терезеа” за оваа година. “Носители на признанија со статуа и молитва се поранешниот претседател Борис Трајковски, посмртно, внуката на Мајка Тереза Ага Бојаџиу која живее во Палермо, Италија и Македонскиот центар за меѓународна соработка”, рече Јорго Ќука претседател на Одборот за доделување признанијата. Благодарници со мала статуетка на Мајка Тереза за искажаната хуманост ќе им биде доделена на професорот Мифтар Мемети од Тетово, на Домот за стари лица “Мајка Тереза” од Скопје, режисерот Скендер Кули, уметникот Митко Тошев и Галаба Златкова Гареска, директор на Домот за деца без родителска грижа 11 Октомври. На 5 септември во Скопје ќе се одржи и голем хуманитарен хепенинг под мотото “Љубовта може се” на кој ќе настапат многу музички ѕвезди меѓу кои и Есма Реџепова, Калиопи, Борис Трајанов, Тоше Проески, Адријан Гаџа, Симон Трпчевски, Здравко Чолиќ и Тереза Кесовија. Приходот од оваа манифестација ќе биде наменет за уредување на Светилиштето Мајка Тереза, кое ќе биде откриено истиот ден.

Прославен роденденот на Мајка Тереза
Дневник / 27.08.2004
ЧЕСТВУВАЊЕ По повод 26 август, денот на раѓањето на големата хуманистка Мајка Терза, вчера беа промовирани филм и биографија за неа. Нејзините почитувачи положија цвеќе на споменикот и на спомен-плочата, а на гробот на Никола Бојаџиу, татко на Мајка Тереза, беа запалени свеќи. На 5 септември, денот на упокојувањето на хуманистката, во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт на кој ќе настапат Тоше Проески, Есма Реџепова, Виолета Томовска, Калиопи, Влатко Стефановски, Адријан Гаџа, Агнеза и други пејачи. На тој ден ќе биде откриено светилиштето крај спомен-собата, а во Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи централно чествување по повод 25 години од добивањето на Нобеловата награда за мир на Мајка Тереза.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ 25 ГОДИНИ ОД ДОДЕЛУВАЊЕТО НА НОБЕЛОВАТА НАГРАДА ЗА МИР НА МАЈКА ТЕРЕЗА / 19.08.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: