Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше пречекан како државник / 04.10.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше пречекан како државник / 04.10.2004 Empty
PostSubject: Тоше пречекан како државник / 04.10.2004   Тоше пречекан како државник / 04.10.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 9:03 am

Дневник / 04.10.2004
ВО СИДНЕЈ

Најпопуларниот македонски поп-пејач Тоше Проески спектакуларно ја почна својата турнеја низ Австралија. На сиднејскиот аеродром неколу илјади Македонци го пречекале Тоше како државник. Заедно со својот домаќин Никола Ристевски, кој ја организира неговата турнеја, Тоше се качил во најскапо ферари. Заедно прошетале низ сиднејското предградие Рокдаел, каде што живеат и работат околу 100.000 Македонци, и ги поздравиле многубројните обожаватели. Тоше Проески во саботата одржа голем концерт во олимпискиот парк, каде што се одржуваше и Олимпијадата. Македонците што сакале да го видат и чујат Тоше плаќале и по 55 долари, што е најскапа влезница за македонски музичар. Досега влезниците за концертите на македонските пејачи чинеле околу 20 долари. Во текот на својата турнеја Тоше ќе настапува и на државната телевизија СБС. Тоше е и првиот пејач што своите концерти, покрај на македонските радиопрограми, ги рекламирал и на австралиските радија. Големата македонска ѕвезда ќе одржи концерти во Волонгонг и во Мелбурн. (М.П.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше пречекан како државник / 04.10.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: