Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ги маѓепса Словенците / 27.10.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ги маѓепса Словенците / 27.10.2004 Empty
PostSubject: Тоше ги маѓепса Словенците / 27.10.2004   Тоше ги маѓепса Словенците / 27.10.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 9:13 am

Дневник / 27.10.2004
ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМОТ "ДЕН ЗА НАС" ВО СЛОВЕНИЈА

Нашата мега-ѕвезда Тоше Проески во минатата недела во просториите на угледниот ноќен клуб "Салон" во Љубљана, во организација на издавачката куќа "Далас-рекордс", го промовира новиот албум "Ден за нас", наменет за словенечкиот пазар. Според информациите од "Фајнал кат продукција", на промоцијата присуствувале новинари и телевизиски екипи од над 20 новинарски куќи од Словенија, што е невообичаено за вакви промоции. Присуствувале и голем број личности од јавниот и културниот живот на Словенија, меѓу кои и амбасадорот на Република Македонија во Љубљана, Илјаз Сабриу. Тоше, преку одличната интерпретација на неколку нумери од новиот албум, на евровизискиот хит и на македонската народна песна "Зајди, зајди", на најдобар можен начин се претставил пред многубројната словенечка публика, предизвикувајќи бурни реакции. Во таа пригода екслузивно бил промовиран видеозаписот на песната "Крајно време", што Тоше ја исполнува во дует со словенечката звезда Ања Рупел. (М.А.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ги маѓепса Словенците / 27.10.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: