Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Скромното момче од Македонија го крена на нозе центарот "Сава" / 16.10.2001

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Скромното момче од Македонија го крена на нозе центарот "Сава" / 16.10.2001 Empty
PostSubject: Скромното момче од Македонија го крена на нозе центарот "Сава" / 16.10.2001   Скромното момче од Македонија го крена на нозе центарот "Сава" / 16.10.2001 EmptyFri Sep 20, 2019 9:52 am

Дневник / 13.10.2001

В НЕДЕЛА, ВО БЕЛГРАД, во центарот "Сава" Македонската поп-ѕвезда Тоше Проески утревечер во центарот "Сава", во Белград, ќе го одржи својот прв солистички концерт во Југославија. На концертот ќе ги изведе песните од своите два албума ,"Синот Божји", кој веќе е промовиран во Југославија, и "Некаде во ноќта". За добрата свирка во живо ќе се погрижат "Хари бенд" и придружните вокали Сандра и Ангелина (негови колешки од Музичката академија), односно истиот тим со кој Тоше ги одржа петте концерти во Универзална сала во Скопје. Интересот за овој настан, кој ќе почне во 20 часот, според добиените информации, е голем, бидејќи Тоше е голема ѕвезда и на овие простори. Да потсетиме: пробивот на југословенската сцена Тоше го направи со учеството на фестивалот "Сончеви скали 2000", кој се одржа во Херцег Нови. Таму се претстави со песната "Тајно моја", со која го освои второто место. На истиот фестивал, годинава Тоше ја изведе песната "Сонце во твоите руси коси", и повторно го освои второто место. (С.А.Н.)

Дневник / 16.10.2001

СПЕКТАКУЛАРЕН КОНЦЕРТ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ ВО БЕЛГРАД

На големиот спектакуларен концерт на македонската музичка ѕвезда Тоше Проески, кој се одржа завчера во центарот "Сава" во Белград, во организација на Авалон-продукција, присуствуваа преку 4.000 белграѓани. Импозантната сала на овој центар беше исполнета речиси до последното место, што говори дека Тоше Проевски, без сомнение, е една од најголемите музички ѕвезди во СР Југославија. Во текот на двочасовниот концерт, кој почна во 20 часот и 15 минути, Тоше ги изведе песните од своите два албума "Некаде во ноќта" и "Синот Божји", придружуван од одличниот "Харе бенд", подзасилен со познатиот музичар Дамир Имери, придружните вокали Ангелина и Сандра и со балетската група "Ребис". Веќе по втората отпеана песна поголемиот дел од публиката стана на нозе и така го проследи целиот концерт. Белграѓани не ги штедеа дланките и секоја негова отпеана песна беше проследена со бурен аплауз. Разиграната и расположена публика заедно со него ги пееше песните "Во коси да ти спијам", "Тајно моја", "Излажи ме уште еднаш", "Сонце во твоите руси коси", кои се големи хитови во СР Југославија, покажувајќи дека јазичната бариера не претставува проблем. Пред крајот на концертот дел по дел од публиката спонтано се приближуваше до сцената. Секој од посетителите сакаше да му подаде рака и да го бакне. Многу подароци, цвеќиња и писменца летаа на сцената. Тој не заборави во ниеден момент да им се насмее, да им испрати бакнеж и да им каже некој збор во српско- македонска варијанта, признавајќи дека не го владее добро српскиот јазик. Публиката со насмевка ја поздравуваше искреноста на скромното момче од Македонија, како што многумина го нарекуваат. Публиката ја сочинуваа луѓе од 7 до 77 години - подеднакво беа застапени и тинејџерите, но и луѓе од постарите генерации. Еуфоричното расположение кај публиката продолжи и по завршувањето на концертот. Таа, заедно со многубројните новинари од радио- и телевизиските куќи, се упати зад сцената за уште еднаш да се сретне со својот миленик. - Се оствари мојот голем сон. Белграѓани беа многу срдечни и ми приредија голем дочек. Бев пресреќен што публиката од првиот момент беше на нозе и убаво се забавуваше. Овој настан никогаш нема да го заборавам - изјави Тоше по завршувањето на концертот. Пред одржувањето на овој спектакуларен настан Тоше имаше краток настап во ударните програми на телевизиите "БК", "Политика" и "Ју Инфо". Очигледен беше бојкотот на телевизија "Пинк", поради конкурентскиот однос меѓу неа и телевизијата "БК", во чиј состав функционира продуцентската куќа "БК саунд", која го издаде вториот албум, "Синот божји", во СР Југославија.
Соња Алексоска - Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Скромното момче од Македонија го крена на нозе центарот "Сава" / 16.10.2001
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2001-
Jump to: