Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Калиопи и Тоше и годинава најдобри на „12 величествени“/ 18.12.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Калиопи и Тоше и годинава најдобри на „12 величествени“/ 18.12.2004 Empty
PostSubject: Калиопи и Тоше и годинава најдобри на „12 величествени“/ 18.12.2004   Калиопи и Тоше и годинава најдобри на „12 величествени“/ 18.12.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 9:43 am

Време / 18.12.2004
ДОДЕЛЕНИ МАКЕДОНСКИТЕ МУЗИЧКИ НАГРАДИ

Со само три освоени статуетки, од вкупно седумте категории во кои беше номинирана, Калиопи сепак триумфира на 14. издание на манифестацијата „12 величествени“. Поп-дивата ги собра наградите за најдобра пејачка, најдобар албум („Не ми го земај времето“) и за најдобар спот („Пурпурни дождови“) . Тоше Проески беше прогласен за пејач на годината, а неговиот концерт на Градскиот стадион, според академијата и гласовите од публиката, беше избран за највеличествен. Поп-ѕвездата не присуствуваше на манифестацијата, а за наградите се заблагодари преку видеобим, потенцирајќи дека статуетките им ги посветува на штитениците од Домот за деца без родители „11 Октомври“ и на Домот за хендикепирани лица во Демир Капија. Својата награда не дојдоа да си ја земат ниту членовите на „Суперхикс“, кои беа прогласени за група на годината. Во Универзална не се појавија ниту лауреатите Владо Јаневски (најдобар текстописец) и Дарко Димитров (најдобар продуцент), а во нивно име статуетките ги примија Мики Црнокрак и Александра Пилева. Патем, ѕвездата на „М2“ си доби и своја „нота“ и ја доби наградата избор на публиката. Во другите категории, откритие на годината е групата „Форплеј“, композицијата „Сино“ на Тамара Тодевска стана хит на годината, Григор Копров е најдобриот композитор, а Кристијан Габровски - аранжер на годината. Водителката Анета Кочишки беше одбрана да му ја врачи наградата „Трајни вредности“ на докажаниот македонски композитор Славе Димитров. Специјални музички награди добија Горан Каран и Владо Георгиев, како најексплоатирани странски поп-пејачи кај нас. Ревијалниот дел опфати неколку изведби на плејбек, а настапија Александра Пилева со макфестовската „Нема утеха“, Тамара со „Шетај“, а Калиопи го промовира новиот сингл „Кога проклето ти требам“. Своите „хитови“ си ги отпеаја и Марјан Стојановски и Ева Нединковска. Конечно на едно место ги видовме Ребека и „Д'Далтонс“ со обработката на „Лиду“ („На постела мека бела“). Величествените годинава првпат поминаа без Антонио Димитриевски како водител, а во негова улога се ставија неколку познати двојки од македонската естрада. Меѓу другите, награди врачија и Адријан Гаџа со Сања Николиќ, Александар Блажевски и Маја Лазаревска, Живкица Ѓурчиновска и Дадар, Лила и Орце Димитровски... <> Ѓ.С.

По две статуетки за Калиопи и за Тоше
Дневник / 18.12.2004
12 ВЕЛИЧЕВСТВЕНИ Наградата за трајни вредности му припадна на доајенот на македонската забавна музика Славе Димитров Поп-дивата Калиопи беше прогласена за пејачка на годината, а нејзиниот албум "Не ми го земај времето" за најдобро остварување, на големото музичко шоу "12 величествени", што се одржа завчеравечер во Универзалната сала. - Им благодарам на мајка ми и татко ми што ме создале и на Господ што ми подарил глас што ме служи добро и во 38 година - изјави Калиопи пред публиката, која ја награди со голем аплауз. Мега-ѕвездата Тоше Проески победи во категориите концерт и пејач на годината. Тој не присуствуваше на манифестацијата поради гостувањето на националниот Евросонг во Албанија, и на публиката и се обрати преку видеобим. Проески наградите им ги посвети на децата од Домот за деца без родители. За откритие на годината беше прогласена групата "Форплеј", за аранжер Кристијан Габровски, а за композитор Григор Копров. Наградата за текстописец на годината трет пат ја освои Владо Јаневски. Како по обичај, тој не се појави на манифестацијата, а статуетката во негово име ја прими манекенот Мики Црнокрак, негов добар пријател. За најдобар продуцент беше прогласен Дарко Димитров, кој исто така не се појави на сцената. Александра Пилева, земајќи ја неговата статуетка, појасни дека Димитров работи во своето студио. Епитетот најдобар бенд го понесоа "Суперхикс", но и тие не се појавија на сцената. Немаа ниту свој "заменик". Статуетката за најдобро видеоиздание и припадна на "Томато продукција" за темата "Пурпурни дождови". Ирена Поповиќ, директорката на таа продуцентска куќа, наградата му ја посвети на починатиот татко, прим. д-р Лазар Димитров. За хит на годината беше прогласена темата "Сино" на авторот Кристијан Масевски, а ја пее Тамара. Наградата за трајни вредности му припадна на доајенот на македонската забавна музика Славе Димитров. За миленик на публиката беше прогласена Александра Пилева. Специјалните награди за најслушани интерпретатори од поранешните југословенски простори им припаднаа на Горан Каран (Хрватска) и Владо Георгиев (СиЦГ). Четиринаесеттото издание на манифестацијата "12 величествени" понуди двочасовна богата музичка програма. Со свои песни се претставија Калиопи, Ребека, Марјан Стојановски, Пилева, Тамара, "Форплеј", наградените гости од странство... Годинава првпат водителската палка не беше во рацете на Антонио Димитриевски. Номинациите и победниците во секоја категорија ги најавуваше посебна водителска двојка составена од познати естрадни личности - Надица Георгиева и Сергеј Варошлија, Орце и Лила Димитровски, Живкица Ѓурчиновска и Александар Билјановски-Дадар... Најинтересна презентација имаа Камелија Левенска (претставничката на "Мобимак") и македонскиот фотограф Владо Георгиев, кои му ја доделија наградата на гостинот од Србија и Црна Гора, пејачот Владо Георгиев. Двајцата имењаци и презимењаци во еден момент си ги заменија улогите и ја насмеаја публиката. Водителската двојка Сања Николиќ и Адријан Гаџа предизвикаа голем аплауз со нивниот искрен и емотивен настап. - Не дозволувајте никој да ви се меша во вашиот избор на било што во животот - изјави Сања. Адријан додаде дека неговиот избор во животот е Сања. Организаторите на манифестацијата, продукциите "Томато" и "Премиер", и овој пат заслужија висока оценка.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Калиопи и Тоше и годинава најдобри на „12 величествени“/ 18.12.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: