Дневник / 23.12.2004
ПромоциЈа
Мегаѕвездата Тоше Проески вчера го промовира спотот за темата "Жена балканска", што ја пее со групата "Синтезис". Видеоизданието го реализира "Кан продукција", која најави соработка со Проески и во Новата година. - Спотот, кој е новогодишен подарок за Проески, го правевме со голема радост и позитивна енергија. Нашата продуцентска куќа ги поддржува квалитетите, а Тоше е голема вредност за Македонија - изјави Цветанка Ласкова, директорката на "Кан продукција". Во спотот се користени делови од архивскиот материјал на Македонската радио и телевизија, а за монтажата се погрижи Аце Бошковски. По промоцијата на видеоклипот беше одржан коктел за медиумите, а Проески положи цвеќе на споменикот на Мајка Тереза. (С.А.Н.)