Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004 Empty
PostSubject: Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004   Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004 EmptyTue Sep 24, 2019 10:34 am

Време / 31.12.2004
ЗА НАЈЛУДАТА НОЌ

Најголем музички настан како предизвик за пречек на најлудата ноќ е вечерашниот концерт на големиот балкански музичар Горан Бреговиќ и неговиот „Оркестар за свадби и погреби“ на плоштадот „Македонија“. Претходно, атмосферата ќе ја подгреваат десетте финалисти од неодамна одржаното музичко шоу „М2-потрага по нова ѕвезда“, а на нив ќе им се придружат и девојките од групата „Форплеј“. Како замена за Бреговиќ, „Идеја плус“ на белграѓани им ја обезбеди нашата гитарска легенда Влатко Стефановски, кој ќе свири на плоштад. Скопската дискотека „Елемент“ обезбеди новогодишна журка со групата „Суперхикс“, а вокалистот Петар Младеновски-Пеце договорил настап и во ноќниот клуб „Маракана“. Владо Јаневски како и минатата, така и оваа година ќе ги забавува охриѓани во дискотеката „Парк“, а за посетителите следува и бесплатен примерок од неговиот актуелен албум „Ваков или таков“. Поп рок-пејачката Биба Додева со „Мама бенд“ ќе пее во хотелот „Континентал“, а на 1 јануари веќе си договори тезга во англискиот паб „Свон“. Тоше Проески вечерва ќе настапи во сараевскиот ноќен клуб „Скендерија“, а по полноќ ќе се упати на тамошниот градски плоштад, каде што своите хитови ќе ги отпее во два блока од по 45 минути. Утредента нашата најголема поп-ѕвезда ќе гостува во неколку новогодишни емисии на тамошните телевизиски станици. <> Ѓ. С
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Брега во Скопје, Влатко во Белград, Тошка во Сараево / 31.12.2004
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2004-
Jump to: