Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Калиопи, Владо, Тоше, „К15“... претплатени на награди / 19.02.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Калиопи, Владо, Тоше, „К15“... претплатени на награди / 19.02.2005 Empty
PostSubject: Калиопи, Владо, Тоше, „К15“... претплатени на награди / 19.02.2005   Калиопи, Владо, Тоше, „К15“... претплатени на награди / 19.02.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 8:51 pm

Време / 19.02.2005
„ЗЛАТНА БУБАМАРА“ ЛЕТНА ОСМИ ПАТ Ѓорге Стојанов <>

Со стандардните пријатели претплатени на списокот на наградени, со одличен перформанс во живо на дел од учесниците и со наменски осмислен хумор, завчерашната „Златна бубамара на популарноста“ севкупно ги заслужи симпатиите. Фактот дека на Македонија не и се потребни музички падобранци од страна за да се направи коректна естрадна манифестација завчера во Универзална се докажа на најдобар можен начин. По кратката увертира за добредојде на церемонијал-мајсторот Тони Михајловски и првиот од низата удари упатени до омилениот негов лик вечерта (Бојан, 13-ка), шоуто го отвори петгодишната „суперѕвезда“ Ања со препознатливиот џингл на радиото-организатор. Овојпат токму со наградата за животно дело почнаа да се трошат статуетките од импровизираниот плакар и легендарниот композитор Љубомир Бранѓолица беше првиот лауреат што се појави на сцената. Во негова чест, Александра Пилева направи мал времеплов интерпретирајќи го големиот хит на Бранѓолица „Езеро мое“. Наградите радиоводител (Викса за неговата „Комерцијална ебанка“) и радиоемисија („Драјв тајм“ на Антена 5) ги додели актуелната македонска убавица Сара Леши, која ги прогласи и најдобрите во категориите музички проект („М2“ потрага по нова ѕвезда) и откритие (Ламбе Алабаковски). Манекенката Драгана Клопчевска и водителот Мартин Трпчевски беа следната двојка што делеше награди, овојпат за стрип на годината (стрипот во неделникот „Фокус“, авторско дело на Ружица Пејовиќ и на Игор Стевковски), за најдобар продуцент на Александар Масевски и на А1-телевизија за „Јуниор куп“, како најгледан спортски ТВ-производ. Од театарскиот еснаф, годинава „Бубамара“ ги потенцира актерите Дејан Лилиќ и Камка Тоциновски, а „Папокот на светот“ се позлати како најдобра театарска претстава. Без конкуренција и овојпат, јунаците на „К-15“ си заминаа со „бубамари“ за ТВ-емисија и комерцијален ТВ-спот (Тошо меша ајвар). Сашо Мацановски-Трендо конечно доби награда за „домаќинлакот“ во „Кој сака да биде милионер“, а очекувано „Вртелешка“ беше прогласена за најдобра ТВ-емисија. И покрај неговото повлекување во илегала и игнорантскиот однос кон медиумите, Владо Јаневски, како и лани, и годинава го покажа строгиот селективен пристап лично појавувајќи се на „Бубамара“ за да си ги собере статуетките за најдобар текстописец, албум и за хит на годината. Стандардно најпопуларни музички грла според фамозната Академија беа Калиопи и Тоше Проески, кој доби и признание за минатогодишниот спектакуларен концерт на Градскиот стадион. Во негово име наградите ги зеде „Тетка Љиља“, како што ја нарече повратникот Игор Џамбазов. Актерите Сашка Димитровска и Васил Зафирчев едногласно ги повикаа на сцена членовите на ска-панк составот „Суперхикс“ прогласувајќи ги за група на годината. Конечно некој се сети и на нив, па ансамблот за народни песни и ора „Танец“ од маестро Борис Трајанов беше прогласен за македонски амбасадор на уметноста во светот. Исцрпниот список со награди во текот на шоуто беше разбиен со неколку одлични изведби. Во прв ред, настапот на гостиварскиот бенд „Ареа“ и жестоката варијанта на „Забава до бесвест“ од инстант-музичкиот проект „Нови дечки“, овојпат со гитари и труби, отсвирена од „Суперхикс“. Каролина Гочева премиерно ја отпеа „Дали знаеш, дали чувствуваш“ како најава за нејзиниот нов албум во април, Тамара Тодевска ја замени Нина Бадриќ, а со нешто поинакво на сцената своите пет минути ги имаше и првата виолина на Македонија Зоран Џорлев. Поп-дивата Калиопи не почести со одбрано музичко парче позајмено од мјузиклот „Чија си“. Единствен музички гостин со пасош беше контроверзниот словенечки пејач Мањифико, кој учествуваше со заразната „Хир ај кам, хир ај гоу“, а доби и награда за најдобар интернационален музички спот. ******** Кој е кој? Со непотребното трошење на уметничката енергија онаму каде што не треба, Тони Михајловски сакаше и успеа да падне на нивото на еден средношколец. Целата манифестација му ја посвети на, како што милуваше да го нарекува, „педерот“ со реплики од типот „Ти ниси права жена... Бојане уби се!“, „Да беше два сантиметри пократок ќе го викаа Бојана... „. Сеирот како главен адут на Тончи се провлекуваше буквално од почеток до крај. Тој заборави дека и без плукање, аудиториумот умее да разграничи шоу од малограѓанска забава. Михајловски изуми дека и без „валкани зборови“, кои го отсликуваат сочниот речник на просечниот Македонец, има доволно експлозивна харизма за да може да ја анимира публиката. Веројатно не е тоа тоа кога се работи за суета. Експлицитноста дури им е малку на јавните фаци за да покажат и да докажат кој е кој кога е во прашање естрадниот комерцијален живот.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Калиопи, Владо, Тоше, „К15“... претплатени на награди / 19.02.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» „Супер Тоше“ се успа / 17.09.2005
» Тоше ќе пее со Руската филхармонија / 13.05.2005
» Тоше го прослави 24. роденден / 27.01.2005
» Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005
» Руслана сензација, Тоше најнаграден / 12.02.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: