Време / 04.03.2005
ИДНАТА НЕДЕЛА ВО ЗАГРЕБ
Во загрепското студио „Ред лајт“ во текот на идната недела конечно ќе се сними долгонајавуваниот дует на нашиот најпопуларен поп-пејач Тоше Проески со познатиот хрватски музичар Тони Цетински. Песната е со побрз ритам, а автор на музиката е еден од поафирмираните тамошни композитори Миро Булјан. Композицијата, која се уште нема име, ќе се најде на новата објава на Тоше, која, според плановите, на музичкиот пазар ќе се појави најдоцна до јуни. Во меѓувреме се монтира и спотот за англиската верзија на темата „Овој свет“, која Проески ја сними за потребите на новата кампања на УНИЦЕФ. Зад овој видеозапис е потпишана „Томато продукција“. Ѓ. С.