Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески не пееше поради лажна бомба / 28.01.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески не пееше поради лажна бомба / 28.01.2002 Empty
PostSubject: Тоше Проески не пееше поради лажна бомба / 28.01.2002   Тоше Проески не пееше поради лажна бомба / 28.01.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 10:03 am

Дневник / 28.01.2002

ЗАВЧЕРА ВО ГОСТИВАР Настапот на поп-ѕвездата Тоше Проески во гостиварската дискотека "Елдорадо" кој требаше да се одржи завчера, беше откажан поради лажен повик дека во објектот е поставена бомба. Пред настапот на Тоше што требало да почне половина час по полноќ во гостиварската полиција се јавило непознато лице кое известило дека во дискотеката "Елдорадо" е поставена бомба. Повикот бил регистриран од една од градските телефонски говорници. Околу 23 часот во дискотеката пристигнала полиција за да направи проверка. Полицијата се вратила повторно околу 24 часот и им наредила на сите гости присутни во "Елдорадо", како и во објектите на трговскиот центар каде што се наоѓа дискотеката што побрзо да си одат и да го испразнат целиот трговски центар. Околу еден часот по полноќ пристигнале две лица од Службата за антитероризам, кои дошле специјално од Скопје за да го испитаат случајот и го известиле сопственикот на дискотеката дека повикот бил лажен. Настапот на Тоше Проески, за кој гостиварци покажале голем интерес, се одлага за идната сабота. (С.А.Н.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше Проески не пееше поради лажна бомба / 28.01.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: