Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Донација на Тоше Проески за клиниката за детски болести / 09.03.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Донација на Тоше Проески за клиниката за детски болести / 09.03.2005 Empty
PostSubject: Донација на Тоше Проески за клиниката за детски болести / 09.03.2005   Донација на Тоше Проески за клиниката за детски болести / 09.03.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 9:05 pm

А1 / 09.03.2005

Децата болни од рак денеска добија подобри услови за лекување во новиот реновиран оддел за детска хематологија, донација од Тоше Проески. На клиниката, покрај децата, Тоше го пречекаа и му се израдуваа и повозрасните обожаватели, сестрите, докторите, а меѓу нив беше и министерот Димов. Донацијата пак од скоро 28.000 евра за Тоше претставува задоволство да се помогне некому. „Дефинитивно сум сигурен дека секој од вас се почувствувал барем некогаш хуман, секој од нас е хуман, кој помалку-кој повеќе. Акцијата ќе продолжи затоа што ми причинува задоволство, нема друга причина“, вели Тоше Проески. Во клиниката за детски болести која беше пред распаѓање досега се донирани скоро 1 милион евра. Реновирани се собите, поправени се вратите и прозорците. Овдека спаѓаат и собраните средства од хуманитарната изложба „Од децата за децата“ акција на А1 телевизија која и понатаму продолжува.

И крв ако треба ќе ви дадам
Вест / 10.03.2005
ЛЕКАРКИТЕ И МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ ВО КЛИНИЧКИ МУ СЕ НАФРЛИЈА НА ТОШЕ ПРОЕСКИ "На сите ќе ви дадам потписи, па и крв ако треба. За секоја по два грама", им порача Тоше на еуфоричните медицинарки кои се ...

Тоше го поднови Одделот за хематологија
Дневник / 10.03.2005
КЛИНИКА ЗА ДЕТСКИ БОЛЕСТИ

Супер е да се биде хуман, а секој од нас е хуман, помалку или повеќе, изјави вчера Тоше Проески, по повод пуштањето во употреба на реновираниот Оддел за хематологија на Клиниката за детски болести. Одделот сега е пристојно место за престој и лекување на најмалите пациенти, а е обновен со донацијата од пејачот Проески и "Фајнал кат продакшн", вредна 28.000 евра. Парите се собрани од продажба на билетите за концертот "Со музика за живот", одржан лани. Лилјана Петровиќ, менаџерката на Проески, им се заблагодари на многубројните хумани учесници во акцијата без кои хуманитарниот концерт не би можел успешно да се изведе. Досега се собрани околу еден милион евра со акцијата за помош на Клиниката за детски болести. Лекарите вчера информираа дека лани на одделот биле лекувани 400, а амбулантски 3.700 деца. Во светот лани се родиле 138 милиони деца, а четири милиони починале, најмногу во неразвиените земји. Фаталниот исход можел да биде одбегнат кај две третини од починатите деца. (Љ.Б.)

Проработе реновираниот хематолошки одел на Детската клиника
Време / 10.03.2005
СО ПОМОШ НА ТОШЕ ПРОЕСКИ На Детската клиника во Скопје вчера беше пуштен во употреба реновираниот оддел за хематологија. За подобрување на условите во кои се лечат болните деца и опремата на клиниката најмногу помогна донацијата од 28.000 евра, собрани преку хуманитарниот концерт на Тоше Проески. - Продолжуваме со вакви акции. Но, тоа не можам да го правам сам, ќе мора да помогнеме сите - порача на отворањето на одделот големата македонска естрадна ѕвезда. На хематолошкиот одел годишно се лекуваат околу 500 деца, а во амбулантите на преглед доаѓаат 3.700 пациенти. - Ние ги дијагностицираме крвните болести и даваме почетна дијагноза за малигните заболувања кај децата. Досега се работевме во руинирана состојба, но со донацијата ги подобривме условите - изјави Софијанка Гламочанин, раководителка на хематолошкиот одел. За реновирањето и опремувањето на Педијатријата во Клиничкиот центар преку хуманитарната акција „Пријатели на Детската клиника“ досега се собрани околу 1 милион евра. К. Н.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Донација на Тоше Проески за клиниката за детски болести / 09.03.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
»  Тоше Проески ја повреди ногата / 17.02.2005
» Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005
» Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005
» Традиционален хуманитарен концерт на Тоше Проески / 24.12.2005
» Тоше Проески на изборот "Мис на Хрватска" во Загреб / 18.10.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: