Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Бејби како хуманист / 25.03.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Бејби како хуманист / 25.03.2005 Empty
PostSubject: Бејби како хуманист / 25.03.2005   Бејби како хуманист / 25.03.2005 EmptyTue Sep 24, 2019 9:12 pm

Утрински / 25.03.2005
РОБЕРТ Д. КРСТЕВСКИ

Впечатливо. Трогателно. Охрабрувачки. Ако треба во три збора да се опишат сопствените импресии за последното издание на "Вртелешкааи посветено на детската болница во Скопје, би ги одбрал токму овие три. Во теоријата на новинарството како една од обврските на претставниците на седмата сила е наведена ангажираноста, односно заземањето став за одредено прашање и борбата со аргументи во негова одбрана. Весна Петрушевска, иако не е новинарка туку актерка, во последната "епизодааи од своето шоу на Сител покажа поголема ангажираност од многу "чистокрвниии новинари, чиј ангажман најчесто се сведува на солење памет како треба нешто да изгледа или да се направи. Популарната Бејби, пак, покрај што ја искористи сопствената емисија за уште еднаш да ја актуализира сў уште несоодветната состојба во која се наоѓа болницата за детски болести во рамките на Клиничкиот центар во Скопје, од зборови премина на дело. Може на некого да му изгледа тоа симболично, но требаше да се види реакцијата од очите на Аце Хорна, кој боледува, ако разбрав добро, од цистична фиброза и од тримесечна возраст е секојдневен корисник на услугите на спомнатата здравствена установа, кога, неочекувано за него, во самата емисија доби компјутер како донација анимирана, бездруго, од Петрушевска. Некоректно е во оваа пригода да се изостави и другиот гостин во емисијата, Тоше Проески, кој во повеќе наврати преку хуманитарни концерти се јавуваше како добродетел на детската болница. Последната "Вртелешкааи потврди дека никој не е толку безначаен и немоќен како единка да измени нешто во општеството, што е најчестиот изговор на овие простори со кој се оправдува сопствената инертност. Сў уште постојат луѓе во вистинската смисла на зборот, подготвени да ја преточат својата хуманост во конкретна активност за олеснување на маките на тие на кои им се неопходни туѓата поддршка и помош и без кои некои од нив не би можеле да преживеат. Треба само да се анимира, да се поттикне таа позитивна енергија и да се канализира во вистинската насока. Еден од начините е и најавата на Бејби дека петгодишниот јубилеј на "Вртелешкааи во април, наместо со класичен жур во некој од угостителските објекти, ќе биде одбележан со забава на која учесниците ќе донираат средства за скопската болница за деца. Сигурно е дека и пред и по водителката на едно од најпопуларните телевизиски шоуа во Македонија имало и ќе има луѓе што ќе го вложат своето име во поддршката на делот од заедницата со посебни потреби, но и ова што го има досега сторено заштитното лице на "Вртелешкааи заслужува почит. Секоја чест, Бејби!
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Бејби како хуманист / 25.03.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» И се извинив на Руслана / 10.02.2005
» Сакам да сум Проја / 06.12.2005
» ЧИТАТЕЛКИТЕ НА "ТАА" ИЗБРАА / 22.01.2005
» Трпчески го отвора фестивалот / 30.03.2005
» Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: