Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Македонска делегација во Рим во чест на Св. Кирил / 03.05.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Македонска делегација во Рим во чест на Св. Кирил / 03.05.2005 Empty
PostSubject: Македонска делегација во Рим во чест на Св. Кирил / 03.05.2005   Македонска делегација во Рим во чест на Св. Кирил / 03.05.2005 EmptySun Oct 20, 2019 1:28 pm

Макфакс / 03.05.2005
Скопје Премиерот Владо Бучковски ја предводи македонската делегација која од денеска е во неколкудневна посета на Рим, во рамките на државната манифестација “Македонија во чест на Св. Кирил“. Бучковски во Ватикан ќе се сретне со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт 16. Папата ќе ги прими и членовите на македонката делегација Во Рим, Бучковски треба да разговара со италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Македонскиот премиер треба да се сретне и со министерот за одбрана на Италија Антонио Мартино, како и со шефот на италијанската левица, поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди. Македонската делегација во вторник во Рим по 35-ти пат ќе се поклони пред моштите на Свет Кирил. Во базиликата Сан Клементе премиерот во име на Македонија ќе положи венец на гробот на Св. Кирил, во знак на вечна благодарност. Молебенот ќе го одржи владиката Тимотеј. Во македонската делегација е и скопскиот бискуп на католичката црква во Македонија Киро Стојанов. Во рамките на манифестацијата “Македонија во чест на Св. Кирил“.во Рим ќе одржат концерти ансамблот Танец, Влатко Стефановски и Тоше Проески.

Македонија денеска го чествува Денот на Солунските браќа
Макфакс / 04.05.2005
Скопје/Рим Македонија денеска го чествува Денот на Солунските браќа Кирил и Методиј и државно-црковна делегација, во рамки на јубилејната- 35 по ред културно-научна манифестација „Македонија во чест на Свети Кирил“, претпладнето, вториот ден од престојот во Рим, ќе се поклони пред моштите на Свети Кирил во базиликата Сан Клементе. Во знак на вечна благодарност за делото и мисијата на Кирил, молебен пред неговиот гроб во базиликата Сан Клементе денеска ќе одржат претставници на Македонската православна црква и на Католичката црква, со кој ќе чиноначалствува владиката Тимотеј. Во име на државата, венец на гробот на Свети Кирил ќе положи македонскиот премиер Владо Бучковски Во рамки на манифестацијата “Македонија во чест на Свети Кирил“ во Рим вечерва ќе се одржи концерт на кој ќе настапат ансамблот Танец и реномираните македонски музичари Влатко Стефановски и Тоше Проески. Македонскиот премиер вчера во Ватикан се сретна со поглаварот на Римокатоличката црква, папата Бенедикт 16 кој порача оти посакува Македонија “да се отвори со доверба кон Европа“ и така „да придонесе за изградбата на својата иднина, вдахновена од нејзиното бесценето религиозно и културно наследство“. Македонскиот премиер Владо Бучковски, според програмата, во Рим треба да разговара со италијанскиот премиер Силвио Берлускони. Македонскиот премиер треба да се сретне и со министерот за одбрана на Италија Антонио Мартино, како и со шефот на италијанската левица, поранешниот претседател на Европската комисија Романо Проди.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Македонска делегација во Рим во чест на Св. Кирил / 03.05.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: