Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

  Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

 Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005 Empty
PostSubject: Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005    Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005 EmptySun Oct 20, 2019 1:31 pm

Дневник / 06.05.2005
"КОСМОФОН" И ЦРВЕН КРСТ ОРГАНИЗИРААТ
Под мотото "Сите сме нивни деца", "Космофон" и Црвен крст организираат хуманитарна акција за подобрување на условите во домовите за стари лица во Скопје, Куманово, Прилеп и во Битола. Хуманитарните граѓани, институциите и организациите може да донираат средства на жиро-сметката со број: 370011200059341 во "Еуростандард банка" и преку вредносни ваучери и купони за донација што ќе ги дистрибуираат активистите на Црвен крст. Корисниците на "Космофон" можат да донираат 50 денари со повикување или испраќање порака на бројот за донации 075/140-100. Акцијата ќе трае до крајот на месецов. На вчерашната прес-конференција беше промовирано и цедето за песната "Сите сме нивни деца" што чини 80 денари, а може да се купи во сите продавници на "Космофон" во земјава. Беше промовиран и спотот за песната во кој учествуваат Тоше Проески, Дарио, Бени Шаќири, Тамара Тодевска, Маја Гроздановска-Панчева, Кристина Арнаудова, Биба Додева и Александар Митевски. Режисер на спотот за песната е Чедо Поповски. Како дел од кампањата, на 29 мај во Универзална сала ќе се одржи и голем хуманитарен концерт во кој ќе учествуваат сите изведувачи на песната со дел од својот репертоар. (Е.Т.)

Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Хуманитарна акција "Сите сме нивни деца" / 06.05.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: