Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005 Empty
PostSubject: Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005   Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005 EmptySun Oct 20, 2019 1:44 pm

Дневник / 28.05.2005

В недела во универзална сала Големиот хуманитарен концерт под мотото "Сите сме нивни деца" ќе се одржи утре во Универзалната сала, во 20 часот. Организатори на концертот се Црвениот крст на град Скопје и "Космофон". На концертот ќе настапат Тоше Проески, Дарио, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Бени, Тамара и Биба Додева, кои во живо ќе отпеат дел од своите познати хитови. Нив ќе ги придружува музичка група, а за кореографијата ќе се погрижи детското балетско студио "Еурека", кое по сопствена иницијатива се приклучи во таа голема хуманитарна акција. Во рамките на акцијата, вечерта во Универзалната сала ќе бидат поставени продажни пунктови со уникатни ракотворби изработени од старите лица сместени во домот "Мајка Тереза" од Злокуќани, Скопје. Тие стари лица ќе бидат и специјални гости на концертот. Билетите може да се купат на касата во Универзалната сала за 300 денари или со уплата на жиро-сметката на Црвениот крст и на "Космофон". (С.А.Н.)

Старите лица сплотени со срцата на пејачите
Дневник / 31.05.2005
ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА На пунктови се продаваа уникатни ракотворби изработени од старите лица од Домот "Мајка Тереза" Хуманитарниот концерт за помош на старите лица, што завчеравечер се одржа во Универзалната сала во Скопје, го проследија повеќе од 1.000 луѓе, а меѓу почесните гости беа и бабите и дедовците од Домот за стари лица "Мајка Тереза" од Злокуќани. Тие со возбуда и со задоволство го гледаа настапот на македонските музички ѕвезди. Посебни емоции кај старите лица предизвикаа зборовите на Дарио, кој им порача дека срцата на сите пејачи таа вечер се со нив и отпеа две теми од најновиот проект. Кристина ги поздрави присутните со темата "Дали мислиш на нас". На настапот на Бени и песната "Биди ми брат" старите лица весело почнаа да плескаат со раце. Биба ги разнежни присутните со новата балада, а Тамара ги размрда најмладите со песната "Петле". Александар Митевски го отпеа хитот за Скопје. Тоше Проески пред својот настап & "откри" на публиката дека и се "лути" на Тамара што му го карминисала микрофонот, а на градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, зашто градат зграда спроти неговата и што улицата му е раскопана. И му порача што побрзо да му ја направи. Пејачите на хуманитарниот концерт ја отпеаја темата "Сите сме нивни деца". На сцената се појави и дедо Ацо, "главниот актер" од спотот за оваа тема , кој запеа заедно со нив. Според реакциите, старите лица ја напуштија салата задоволни од фактот што таа вечер им беше посветена токму ним. Пред Универзалната сала имаше неколку пунктови на кои се продаваа уникатни ракотворби изработени од старите лица од Домот "Мајка Тереза". Меѓу публиката беа и челните луѓе на Космоте, кои за оваа пригода допатуваа од Грција. Претседателот на државата, Бранко Црвенковски, за помош на старите лица донирал 20 илјади денари. Средствата од концертот што се одржа под мотото "Сите сме нивни деца", во организација на "Космофон" и на Црвениот крст на град Скопје, ќе бидат наменети за подобрување на условите во домовите за стари лица. (С.А.Н.)


Преку песна до поспокојна старост
Утрински / 31.05.2005
Завчера во Универзална сала се одржа хуманитарен концерт за помош на старите лица - ,,Сите сме нивни деца" Тоше Проески завчера имаше ,,брилијантен" настап на хуманитарниот концерт во Универзална сала - ,,Сите сме нивни деца". Покрај тоа што ги промовираше двете нови тетоважи - едната (огромна) на рамото, а втората на вратот (дело на студио ,,Ин", а намена - привремена, за потребите на новиот спот), Тоше се промовираше и себеси како говорник кој не го бидува. Неколку пати обраќајќи им се на старите лица (во публиката беа дел од штитениците на домот ,,Мајка Тереза" од Злокуќани) и велејќи им дека многу му се мили, Проески се потсети и на една случка со извесна ,,тетка баба", која го чекала на ,,две цигли" пред влезот во неговата зграда, апелираше до градоначалничката на Центар да му ја среди улицата, ја караше Тамара Тодевска зашто го намачкала микрофонот со кармин... По сите ,,штосови" што ги изнаслушавме завчера, присутните во Универзална останаа без коментар за несериозноста и нетипичното однесување на својот миленик. Нешто што, дефинитивно, не прилега на името и брендот Тоше Проески. Дарио, Александар Митевски, Тоше Проески, Бени Шаќири, Кристина Арнаудова, Тамара Тодевска и Биба Додева завчера во Универзална сала беа дел од големата хуманитарна акција на ,,Космофонни, Црвениот крст на град Скопје и агенцијата ,,Њу моментти за помош на старите лица што живеат низ домовите во државава под мотото ,,Сите сме нивни децааи. Во придружба на бенд и дечиња од балетското студио ,,Еурекааи, со настапот на ѕвездите на македонската естрада беше означена завршницата на акцијата што траеше од 5 мај. Жалосно, но нашата публика очигледно нема доволно слух кога станува збор за хуманост - завчера во Универзална сала имаше многу празни места, а ракотворбите и плетените работи на старите лица од домот ,,Мајка Терезааи од Злокуќани, кои се продаваа по симболични цени во фоајето на салата, останаа речиси недопрени. Очекувано, најголема фама меѓу присутните, а посебно меѓу децата предизвика настапот на Тоше Проески, за на крајот целиот концерт да финишира со изведба на заедничката тема ,,Сите сме нивни децааи, чиј комплетен автор е Александар Митевски.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Хуманитарен концерт за старите лица / 28.05.2005-31.05.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: