Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 „Кој ли ти гризе образи“ - најнов спот на Тоше Проески / 03.06.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

„Кој ли ти гризе образи“ - најнов спот на Тоше Проески / 03.06.2005 Empty
PostSubject: „Кој ли ти гризе образи“ - најнов спот на Тоше Проески / 03.06.2005   „Кој ли ти гризе образи“ - најнов спот на Тоше Проески / 03.06.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 11:51 am

Дневник / 03.06.2005
ПРОМОЦИЈА

Во скопскиот хотел „Холидеј инн“ вчера беше промовиран видеоспотот за песната „Кој ли ти гризе образии“, која е една од десетината што ќе се најдат на новиот албум на нашата најголема поп-ѕвезда, Тоше Проески. - Првпат имав можност сам да го одберам сценариото за спотот и посебно ми се допадна професионалноста на тимот со кој снимавме речиси 20 часа - изјави Тоше Проески на вчерашната промоција. Спотот е дело на режисерот Јане Ќортошев, а продукцијата на словенечката куќа „Свет филмаа“. Директор на фотографија е познатиот Ненад Боровиќ. Спотот е сниман во студио во Софија, а во него се појавува Румјана Пеева, една од најпопуларните манекенки во Бугарија. На 7 јуни Тоше ќе го промовира и видеоспотот за песната „Лагала нас малаа“, што во дует ја сними со хрватскиот пејач Тони Цетински. Инаку, Тоше вчера ја снимил и последната песна што ќе се најде на неговиот најнов музички проект. Како што изјави, с$ уште не знае како ќе се вика албумот чија промоција е закажана за дваесетина дена. Обожавателите на Тоше ќе можат премиерно песните од новиот албум да ги слушнат на солистичкиот концер закажан за 24 јуни на Градскиот стадион во Скопје. Најновиот албум на Тоше ќе излезе во продукција на „Авод ентертејментт“, а ќе се најде во продажба во земјите на поранешна Југославија, во Бугарија и во Албанија. - Летово н$ чека промотивна турнеја во седум држави, по што можеби во септември Тоше ќе направи и промотивна турнеја во македонските градови - изјави Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше. И овој албум Тоше го снима на македонски и на српскохрватски јазик - јекавско наречје. На прес-конференцијата Тоше откри дека поради ангажманите ослабел повеќе од 10 килограми.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
„Кој ли ти гризе образи“ - најнов спот на Тоше Проески / 03.06.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: