Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Малку време за подготовки / 14.06.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Малку време за подготовки / 14.06.2005 Empty
PostSubject: Малку време за подготовки / 14.06.2005   Малку време за подготовки / 14.06.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 11:57 am

Утрински / 14.06.2005
Зошто е откажан концертот на Тоше Проески?

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ го прими Тоше Проески во својата резиденција во Загреб. Во речиси едночасовниот разговор, особено интересни за Месиќ биле ангажманите на Тоше како амбасадор за УНИЦЕФ и неговата хуманитарна дејност, при што хрватскиот претседател му се заблагодарил и за ланското учество на хуманитарниот концерт во Умаг, Хрватска. Концертот на нашата мегаѕвезда Тоше Проески, кој на голема радост на неговите обожаватели требаше да се одржи на 24 јуни на Градски стадион - е откажан. Наместо во јуни, Тоше ќе пее пред скопјани во почетокот на есента, во септември. Причините за презакажување на концертот на кој Тоше требаше да го промовира и новиот албум, според неговата менаџерка Лилјана Петровиќ, се однесуваат на краткото време за подготовки на песните од страна на Симфонискиот оркестар, кој требаше да ја придружува нашата ѕвезда на Градски. Поради обврските околу подготовката на новото цеде, Тоше немаше доволно време, а бидејќи не сакал половични решенија - решено е концертот да се одложи. Меѓу причините за презакажувањето, Петровиќ го наведува и дополнителното оптоварување на буџетот на неговите фанови во ек на богата концертна сезона, иако според неа, цената на влезниците би била симболична. Како и да е, одлуката е дефинитивна - концертот ќе се одржи, ама во септември, а дотогаш, за утеха на многубројните фанови, денеска со почеток во 12 часот во кафулето ,,Интермецоои Тоше ќе го промовира заедничкиот видеоспот со Тони Цетински - ,,Лагала нас малааи, а до крајот на месецов ќе излезе и неговиот нов петти носач на звук.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Малку време за подготовки / 14.06.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: