Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Спот на Тоше и Цетински за "Лагала нас мала" / 15.06.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Спот на Тоше и Цетински за "Лагала нас мала" / 15.06.2005 Empty
PostSubject: Спот на Тоше и Цетински за "Лагала нас мала" / 15.06.2005   Спот на Тоше и Цетински за "Лагала нас мала" / 15.06.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 11:59 am

Дневник / 15.06.2005
ПРОМОЦИЈА

Тоше Проески го промовира својот нов спот за песната "Лагала нас мала", што ја пее во дует со хрватскиот пејач Тони Цетински, вчера во кафулето "Интермецо" во Скопје. Спотот е снимен во мало место во близина на Сплит, а девојката што глуми во него е познатата хрватска актерка Антонија Шола, која во моментов е актуелна по улогата во серијата "Забранета љубов". Таа напишала и неколку текстови за песните од новиот албум. Тоше изјави дека снимањето траело еден ден и дека уживал додека снимале. Целиот спот е замислен како видеоигра на "плејстејшн". Лилјана Петровиќ, менаџерката на Проевски, изјави дека нов бренд на спотовите на Тоше е компанијата "Алкалоид". Таа најави дека новиот албум на Тоше ќе излезе на крајот на јуни, а најавуваниот концерт ќе се одржи во септември. Концертот е одложен бидејќи симфонискиот оркестар што требало да го придружува Тоше не можел за кусо време да ги подготви песните. (М.Д.Т.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Спот на Тоше и Цетински за "Лагала нас мала" / 15.06.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: