Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд / 20.06.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд / 20.06.2005 Empty
PostSubject: Во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд / 20.06.2005   Во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд / 20.06.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 12:01 pm

А1 / 20.06.2005
Децата на улица се наша реалност. На крстосници се од утро до вечер. Доказ дека во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд. Раскрсниците се најчести места каде децата најмногу се злоупотребуваат. За парче леб некои просат, а некои бришат автомобили. На денешната конференција „Земја по мерка на децата“, УНИЦЕФ и препорача на Владата повеќе да се грижи за овие деца. Да го елиминира гладот и сиромаштијата, на сите деца да им овозможи подеднаков пристап до образованието и здравството и да ја засили борбата против сидата. УНИЦЕФ предупреди дека во државата се уште е присутно насилство и трговија со деца.
„Нивните желби да ги земеме во обзир. Ако нивните желби се исполнети и ако ја скроиме државата така и светот по нивна мера, сите деца на светот ќе бидат задоволни“, изјави Тоше Проески, национален амбасадор на УНИЦЕФ. Во Македонија 20.000 деца не одат на училиште. Невладините организации велат дека токму тие деца се најпогодни за експлоатација. Колкава е вистинската бројка на деца на улица, не знаат ниту од Министерството за труд и социјална политика, ниту невладините организации.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Во Македонија и натаму се злоупотребува детскиот труд / 20.06.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: