Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше претседател, Сања Николиќ - директор на Тоа сум јас / 25.06.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше претседател, Сања Николиќ - директор на Тоа сум јас / 25.06.2005 Empty
PostSubject: Тоше претседател, Сања Николиќ - директор на Тоа сум јас / 25.06.2005   Тоше претседател, Сања Николиќ - директор на Тоа сум јас / 25.06.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 12:13 pm

Време / 25.06.2005
НЕВИДЕНО ШОУ

Кошаркарскиот тим Тоа сум јас, кој ќе се натпреварува во првата македонска лига од следната сезона, ќе и приреди на јавноста реално шоу невидено досега во светот. Ова го соопшти новиот сопственик на прволигашот Соко штарк Карпош, продукциската куќа „О 2“, на вчерашната прес-конференција. - Ќе настојуваме со ова реално шоу, кое ќе трае девет месеци, колку што е и целата кошаркарска сезона, да го зголемиме интересот за спортот кај младите спојувајќи забавни и спортски елементи - изјави претставникот на „О2“. Тоа сум јас ќе биде тим составен од професионални кошаркари, чиј тренер ќе биде досегашниот стратег на ФОН, Александар Тодоров, а нивниот секојдневен живот во текот на сезоната ќе може да се следи преку ТВ-екраните. Претседател на клубот е пејачот Тоше Проески, а директор - познатата манекенка Сања Николиќ. Екипата регуларно ќе се натпреварува во првата лига и целиот проект е со поддршка на Кошаркарската федерација на Македонија. Во шоуто ќе се пријавуваат кандидати од целата земја, кои ќе имаат можност да престојуваат во куќа заедно со кошаркарите и одблизу ќе се запознаат со нивниот спортски живот. - Ситуацијата во која се наоѓа македонската кошарка во моментов е многу поголем егзибиционизам отколку ова што го почнуваме. Пониско од ова македонската кошарка не може да падне, а ние како тренери и играчи не можеме ништо против тоа. Затоа ова го сметам како сериозен проект и начин да се крене квалитетот на кошарката и интересот на публиката - изјави Тодоров.

"Тоа сум јас" за враќање на публиката
Дневник / 27.06.2005
КОШАРКА

Александар Тодоров тренер, а Тоше Проески претседател на новиот прволигаш, кој во исто време ќе биде и сцена за реално шоу "Тоа сум јас" е името на екипата и проектот со кој треба да се врати публиката во салите во кои се игра кошаркарското првенство на Македонија. Новиот кошаркарски прволигаш ќе биде под капата на О2 продукцијата, која реши да го преземе клубот Соко Штарк Карпош. Тренер на тимот ќе биде Александар Тодоров кој неодамна се раздели со струшки ФОН, а составот на екипата ќе биде познат до четврток кога завршува преодниот рок. Новина е тоа што сите играчи ќе учествуваат во реално шоу кое ќе трае девет месеци. Овој чекор со кој се спојуваат забавата и спортот, го поддржува и Кошаркарската федерација на Македонија, која се надева дека популарноста на шоуто е добар начин да привлекување на публиката во салите. Претседател на клубот ќе биде пејачот Тоше Проески, директор ќе биде манекенката Сања Николиќ, а во претседателството и Управниот одбор на клубот ќе бидат и други познати естрадни личности. ПР менаџер за спорт ќе биде Дејан Лекиќ, а менаџер за забавниот дел, Нора Шаќири, кои ќе бидат одговорни за односи со јавноста. - Ако не најдобар, сигурно ќе бидеме најсимпатичен тим во лигата. Целта не ни е првото место, туку низ забавна форма да го зголемиме интересот за прволигашката кошарка. Клубот не е скопски, иако играчите ќе бидат во куќа во Скопје. Ќе играме и во градови што немале можност да гледаат мечеви од прва лига. Ако не ни биде дозволено да играме прволигашки мечеви во сали што не ги исполнуваат условите, тогаш во тие сали ќе играме пријателски средби - рече Зоран Ристовски од О2 продукција. Претседателот Проески рече дека малку му пречи што клубот не е одбојкарски. - Јас тренирав одбојка, а за кошарка сум "камен". Не сум сигурен дали нема да се бориме за првото место - додаде најпопуларниот македонски пејач. Целта на Тоа сум јас ќе биде да се направи тим кој во своите редови ќе има карактерни играчи кои со своето примерно однесување ќе им покажат на младите како изгледа животот на спортистите, а одблизу ќе бидат прикажувани и радоста и тагата по мечевите. Поддршка за клубот дојде и од претседателот на КФМ, Даниел Димевски. - За нас ова е новитет. Во благодарам што ќе ја промовирате кошарката и во внатрешноста на Македонија со што ќе ја анимираме публиката. Ако направите силен тим, не треба да се откажувате од првото место. Не сакам да се сложам дека состојбата во македонската кошарка е толку катастрофална како што се прикажува. Децата на скопските игралишта играат само кошарка, а нашата репрезентација ќе игра на Европско првенство иако во составот нема играчи од Украина, Русија - рече Димевски. Тренерот Тодоров додаде дека критиките биле упатени кон клупската кошарка. - Ситуацијата во клупската кошарка е поголем егзибиционизам отколку тоа што ќе го прави нашиот клуб во следната сезона. Играчите не земале плата по 5-6 месеци, играат со студени и празни сали. Јас како тренер сум се занимавал со сешто, наместо да се сконцентрирам само на тренирањето. Пониско од ова што беше сезонава не може да паднеме, нема начин како да се привлече публиката. се нафатив и поради хуманитарниот аспект на овој сериозен проект да унапредување на клупската кошарка кај нас - рече Тодоров. (З.Ј.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше претседател, Сања Николиќ - директор на Тоа сум јас / 25.06.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: