Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 Тоше Проески и го спаси животот на 16-годишната Мајда / 06.07.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше Проески и го спаси животот на 16-годишната Мајда / 06.07.2005 Empty
PostSubject: Тоше Проески и го спаси животот на 16-годишната Мајда / 06.07.2005   Тоше Проески и го спаси животот на 16-годишната Мајда / 06.07.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 12:19 pm

Време / 06.07.2005
СУПЕРХЕРОЈ И НАДВОР ОД СТРИП-ТАБЛИТЕ Ѓорге Стојанов

Џипот на Тоше Проески веќе два дена е паркиран пред главната капија на скопската Државна болница. Нашиот славен поп-пејач деноноќно е во просториите на Одделението за интензивна нега и се моли за животот на една малолетничка, сместена во шок-соба на Одделот за трауматологија. Станува збор за 16-годишната Мајда, која завчеравечер била прегазена од автомобил, а Проески случајно наоѓајќи се на местото каде што се случил инцидентот и го спасил животот. „Време“ дознава дека несреќата се случила завчеравечер, неколку минути по полноќ, на улицата Илинденска, кај фонтаната во Градскиот парк.
Девојчето ја преминувало улицата на пешачки, но на црвено, без да го види автомобилот што со огромна брзина се движел од спротивниот правец.
- Наеднаш слушнав толку силен удар што прво помислив дека се судриле два автомобили. Навистина се потресов кога го видов малото девојче како беспомошно лежи на улицата. Беше како на филм. Не видов од кај се појави Тоше, но веќе следниот момент кога се свртев, познатиот пејач и даваше вештачко дишење - ни изјави еден од очевидците. Проески таа вечер се рекреирал во Градскиот парк. Непосредно пред несреќата отишол до фонтаната да се освежи, при што случајно налетал на негова познаничка, инаку полицајка што таа вечер го обезбедувала паркот.
- Сосема случајно се најдов на тоа место. Кога се стрчав за да и помогнам на девојката, нозете ми се пресекоа. Се обидов веднаш да и помогнам. Набрзо стигна и дежурната екипа од Брза помош и го однесе девојчето. Кога отидов дома не можев да спијам. Многу бев потресен. Пиев „дијазепам“ за да се смирам, но и тоа не ми помогна. Се облеков и отидов во болница. Лекарите беа љубезни и ми дозволија ноќта да ја поминам со девојката - ни раскажа поп-ѕвездата. Малечката Мајда имала повреди на главата и скршеници на десната нога. Мајка и не сакаше многу да зборува, но призна дека е оптимистка и дека верува оти ќерка и е надвор од животна опасност. - Тоше е навистина суперхерој - ни рече накусо со насолзени очи. Македонскиот музички амбасадор вети дека навремено ќе не известува за здравствената состојба на девојчето. - Не сакам од ова да се прави фама. Реагирав како и секој човек-верник во Бога каков што сум јас.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
Тоше Проески и го спаси животот на 16-годишната Мајда / 06.07.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Традиционален хуманитарен концерт на Тоше Проески / 24.12.2005
»  Тоше Проески ја повреди ногата / 17.02.2005
» Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005
» Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005
» Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: