Tose Proeski
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeLatest imagesSearchRegisterLog in

 

 "По тебе" од Тоше Проески ќе го освојува регионот - печатен во рекордни 170.000 примероци/ 22.07.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin


Posts : 237
Join date : 2019-09-19

"По тебе" од Тоше Проески ќе го освојува регионот - печатен во рекордни 170.000 примероци/ 22.07.2005 Empty
PostSubject: "По тебе" од Тоше Проески ќе го освојува регионот - печатен во рекордни 170.000 примероци/ 22.07.2005   "По тебе" од Тоше Проески ќе го освојува регионот - печатен во рекордни 170.000 примероци/ 22.07.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 12:23 pm

Дневник / 22.07.2005
ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ

Пред многуте фанови, гости од естрадата, спортисти, домашни и новинари од бившите југословенски простори, завчеравечер на терасата на хотелот "Алекандар палас", Тоше Проески спектакуларно, со мини-концерт, го промовира петтиот албум "По тебе". Издавач на албумот е "Аворд ентертејмент", заедно со "Фајнал кат продукција". Истата вечер Тоше го промовира и видеозаписот за насловната тема од албумот "По тебе", што е работен во ХД-технологија. На спотот, што изобилува со 3Д-анимации и се снимаше во Бугарија, се појавува манекенката Тања Енџова. Постпродукцијата е правена во Словенија и траеше 21 ден. Во следниот период Тоше ќе го промовира албумот и на бившите југословенски простори, а најавена е промоција и во Бугарија. "По тебе" има 14 нумери, од кои три се на Тоше, а за другите се погрижија Миро Буљан, Леонтина, Владо Јаневски, Бора Чорба. Албумот се снимаше во Македонија во студиото "Ентерпрајз" на Валентино Скендеровски, во Словенија и во Хрватска. Тоше рече дека е пресреќен што албумот е завршен и дека песните ги избрал лично тој. - За овој албум немаше компромиси. Сите песни ги избиравме внимателно и подеднакво ми се драги. Немам фаворит, не би можел да изберам. Секоја си има свое значење и е посебна на свој начин. Ми падна голем товар од душава што се се заврши и сега "Фајнал кат продукција" ќе се посвети на моето промовирање надвор од границите на Балканот - рече Тоше. Албумот е испечатен во тираж од 170.000 примероци, од кои 40.000 за Македонија, 30.000 за Босна и Херцеговина, 70.000 за Србија и Црна Гора, по 10.000 за Хрватска, Словенија и Бугарија. Печатен е во австриската филијала на "Сони". На промоцијата на Тоше присуствуваа и екипите на загрепската ТВ РТЛ, како и на сараевската АТВ-телевизија. Меѓу присутните на промоцијата беа Мики и Светлана Црнокрак, каратистот Дејан Недев, Валентино Скендеровски, Александар Митевски, Есма, Владо Јаневски, Ношпал, Весна Перушевска. Се очекуваше да дојде и претседателот Бранко Црвенковски, но тој не се појави. (М.А.)


„По тебе“ печатен во рекордни 170.000 примероци
Утрински / 22.07.2005

Новиот албум на Тоше Проески претставен под отворено небо Со завршувањето на албумот ми падна голем товар од грбот. Песните се внимателно одбрани, секоја од нив има специјално значење и ми е посебно драга. На албумот се наоѓаат и три мои авторски песни Катерина Шекеровска Под отворено небо, во релаксирана атмосфера, со пијалак в рака, на тениските терени на хотелот иАлександар паласси, во друштво на многу пријатели, колеги и фанови, Тоше Проески, завчера го промовираше својот најнов, петти по ред студиски албум насловен иПо тебееи. На многубројните присутни, меѓу кои и најтесното семејство на Тоше, повеќе гости и новинарски екипи од соседните бивши ЈУ- простори (РТЛ-Загреб, АТВ-Сараево...), како и колеги: Калиопи, Есма, Владо Јаневски, Александар Митевски, Весна Петрушевска..., Проески им подари и мини-концерт, а промоцијата директно се пренесуваше на телевизија А1 и на нејзиниот сателитски канал А1 плус. >†Со завршувањето на албумот ми падна голем товар од грбот. Песните се внимателно одбрани, секоја од нив има специјално значење и ми е посебно драга. На албумот се наоѓаат и три мои авторски песни, додека повеќето се дело на композиторот Миро Буљан, кој е автор на заедничката песна со Тони Цетински, има и една композиција од Леонтинааи, рече Проески на завчерашната промоција, објаснувајќи дека цедето е снимано во Хрватска, миксано во Словенија, а македонските верзии се правени во студиото иЕнтерпрајззи на Валентино Скендеровски,  и Мислам дека квалитативно албумот ќе трае долгоои, додаде Проески, кој по официјалниот, ипретставувачкиии дел им приреди вистинско летно концертно освежување на присутните, исполнувајќи неколку нумери во живо од најновото цеде. Албумот на Тоше Проески  иПо тебееи се појавува истовремено на просторот на цела поранешна Југославија и е 001 издание на иАворд ентертејнментти. Цедето е печатено во рекордни 170.000 копии (40.000 за Македонија, 30.000 за БиХ, 70.000 за СЦГ и по 10.000 за музичките пазари во Словенија, Хрватска и Бугарија). На него се сместени 14 композиции (10 нови и 4 познати теми), фотографиите ги изработи Дејан Миличевиќ, а како извршен продуцент се јавува менаџерката на Тоше,  Лилјана Петровиќ. Оние што го слушнале се единствени во заклучокот дека албумот претставува сосема поразлично издание на Проески од неговите претходни, а раритетно е и тоа што изборот на композициите и насловот се исклучиво негови. >иПо тебееи или иПратим тееи, како што е неговата верзија за  бившиот ЈУ-простор веќе живее на радиостаниците, а подеднакво експлоатиран е и видео- спотот за насловната тема што го изработи продукцијата иСвет филмааи, а е сниман во Бугарија. Записот е правен во ХД-технологија и изобилува со 3Д анимации, а во него се појавува и бугарската манекенка Тања Енџова. Веднаш по скопската промоција, најновото цеде и видеоспот на Тоше Проески вечер, со почеток во 21 часот, ќе бидат промовирани и во Охрид, на плажата на хотелот иДесаретти, а на промоцијата ќе допатува и хрватскиот композитор Миро Буљан. Одлична можност за сите летноодморци и фанови на Проески да присуствуваат на тет- а-тет средба со својот миленик.



Одлична журка со миниконцерт под отворено небо
Време / 22.07.2005
ПРОМОЦИЈА НА НОВОТО ЦЕДЕ НА ПРОЕСКИ Ѓорге Стојанов

Испечатен во рекордни 170.000 примероци, наменети за целиот бившојугословенски пазар, завчеравечер во тенискиот клуб на „Александар палас“ се промовира новиот албум на Тоше Проески. Пред купот присутни естрадни фаци, новинари од целиот Балкан и толпа обожавателки, поп-ѕвездата одржа миниконцерт на кој го придружуваше бендот „Блу фанки индивидуалс“, по што премиерно беше прикажан спотот за насловната нумера „По тебе“. - Песните на кои работеше интернационална екипа се одбрани без компромиси. Максимално му се посветив на проектот и овојпат собрав повеќе храброст да ставам дури три мои авторски песни на цедето. Новата промотивна кампања е веќе осмислена и по закажаниот концерт на Градскиот стадион во Скопје во септември, целосно ќе и се посветам на мојата интернационална кариера - рече Проески. Журката ја отвори се поангажираната водителка Анкица Стојановска со генералии за цедето, краток разговор со Проески и стандардно заблагодарување на спонзорите. Тоше во живо отпеа дел од новите теми на цедето („По тебе“, „Громови на душа“, „Слушаш ли“…), по што на видеобим неколкупати беше прикажан и новиот видеоклип што Проески го снимаше пред еден месец во Бугарија. Спотот изобилува со анимации и може комотно да се истакне дека е еден од најдобрите во кои се појавил нашиот најдобар пејач. „По тебе“ е петти студиски албум во кариерата на Проески. Најпродуктивен автор на цедето е хрватскиот композитор Миро Буљан, по кого на списокот се редат Леонтина Вукомановиќ, Владо Јаневски, Бора Ѓорѓевиќ- Чорба, Александра Милутиновиќ, Весна Малинова, Зоран Ѓорѓевиќ, Младен Марковиќ и самиот Тошка. Албумот е прво издание на младата продукција „Аворд ентертејмент“. Во Босна се појави лиценцирано со етикетата на „Д френдс продакшн“, 70.000 примероци се продаваат во Србија и Црна Гора под капата на ПГП-РТС, а луѓето од „Далас рекордс“ се задолжени за словенечкиот и хрватскиот музички пазар. Цедето е печатено во австриската филијала на „Сони“, а фотографиите за обвивката ги изработи Дејан Миличевиќ. АТРАКТИВНИТЕ ДЕВОЈКИ НА „ЦРНОКРАК“ ДЕЛ ОД ПРОМОТИВНАТА КАМПАЊА Десетина девојки од модното студио „Црнокрак“ симпатично се вклопија во кампањата за новиот албум на Тоше, кога завчеравечер на влезот од „Палас“ присутните ги пречекуваа со промотивен пакет: примерок од „Време“ и новото цеде на Проески. - Атрактивните девојки утревечер ќе ја разубавуваат атмосферата на плажата Десарет и на охридската промоција на новата објава на нашиот Тошка - ни откри Мики Црнокрак.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.com
 
"По тебе" од Тоше Проески ќе го освојува регионот - печатен во рекордни 170.000 примероци/ 22.07.2005
Back to top 
Page 1 of 1
 Similar topics
-
» Тоше Проески гостин во резиденцијата на Батлер / 23.12.2005
» Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005
»  Тоше Проески ја повреди ногата / 17.02.2005
» Тоше Проески поинтересен од книгите / 17.12.2005
» Тоше Проески и Војо Стојановски најплатени / 20.12.2005

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: