Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше делеше автограми до сабајле / 25.07.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше делеше автограми до сабајле / 25.07.2005 Empty
PostSubject: Тоше делеше автограми до сабајле / 25.07.2005   Тоше делеше автограми до сабајле / 25.07.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 12:34 pm

Време / 25.07.2005
НА ПРОМОЦИЈАТА ВО ОХРИД

До раните утрински часови, опседнат со блицеви од толпата обожаватели, кои се редеа во колони за да се фотографираат со својот музички миленик, Тоше Проески во петокот го промовира албумот и во охридскиот хотел „Десарет“. На прославата поп-ѕвездата ги почести присутните со шест теми од новото цеде „По тебе“, а по нивно барање дополнително ја отпеа неговата омилена песна од Стинг. Дополнителни врескања и скандирања изнуди спотот за насловната нумера, кој на видеобим беше прикажан неколкупати во текот на вечерта. Воведен говор на промоцијата имаа ТВ-водителот Александар Блажевски и актерот Тони Михајловски, а атмосферата континуирано ја подгреваа и атрактивните девојки од модното студио „Црнокрак“, кои делеа бесплатни примероци од албумот на Тоше. Ѓ. С. ЉИЉА ГО ИСКАРА ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО Па добро бе, десет пати ли треба да ви кажам дека јас сум менаџерката на Тоше. Со овие зборови Лилјана Петровиќ го искара обезбедувањето кога во создадениот метеж пред сцената, каде што Тоше настапуваше со „Блу фанки индивидуалс“, набилданите батки не сакаа да ја пуштат Љиља да стигне до својот ексклузивец. - Ова го има само кај нас. Често ме има во медиумите и навистина сум изненадена што веќе третпат се соочувам со таков гаф - револтирано ни изјави сопственичката на „Фајнл кат продукција“. ВЛАДО СЕ СВРШИЛ, ЏАРО КУМ?
Најекспониран лик по Тоше на петочната журка во „Десарет“ беше Владо Јаневски. Енигматичниот поп-изведувач овојпат воопшто не бегаше од фотообјективите и подели еден куп автограми. На промоцијата се појави во друштво на својата поубава половина, а меѓу присутните веднаш се рашири веста дека Јаневски и Вера неодамна се свршиле. - Вистина е и јас ќе им бидам кум - искоментира Велибор Џаровски, секогаш расположен за „ексклузивни“ муабети.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше делеше автограми до сабајле / 25.07.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: