Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше на 28 септември на Градски стадион / 06.09.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше на 28 септември на Градски стадион / 06.09.2005 Empty
PostSubject: Тоше на 28 септември на Градски стадион / 06.09.2005   Тоше на 28 септември на Градски стадион / 06.09.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:00 pm

Утрински / 06.09.2005
Голем концерт на Проески во Скопје

Долгонајавуваниот концерт на мегапопуларниот Тоше Проески, конечно, закажан е и ќе се одржи на 28 септември на Градски стадион во Скопје - ова е информација од прва рака што доаѓа од менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ. Концертниот спектакл на Проески ќе обедини повеќе музичари, меѓу кои доминантна ќе биде Македонската филхармонија, во чија придружба Тоше ќе го изведе својот репертоар и ќе го промовира последниот, петти албум ,,По тебееи. Агендата на Тоше деновиве е навистина набиена. Проески вчеравечер го промовираше албумот во Загреб, Хрватска, а вечерва е на средба со седмата сила во Љубљана, Словенија. Веднаш по прес-конференцијата во Љубљана, на 8 септември Тоше ќе патува на концерт во Москва, Русија, а на 14 септември ќе го промовира албумот во Албанија. По концертот на Градски стадион (28 септември), Проески, заедно со својот придружен бенд, ќе патува кај нашите иселеници во Торонто, Канада, каде што на 2 октомври ќе настапи во еден од најпознатите ноќни клубови "Гувернмент Коол Хаусси. (К.Ш.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше на 28 септември на Градски стадион / 06.09.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: