Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005 Empty
PostSubject: Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005   Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:06 pm

Време / 16.09.2005
ВО УСЛОВИ НА ПОЛУЛЕГАЛНА ПИРАТЕРИЈА

Рекордни 80.000 примероци наменети за целиот бившојугословенски пазар досега се продадени од „Пратим те“, актуелниот албум на македонската поп-икона Тоше Проески. Откако 20.000 цедиња предвидени за првиот тираж експресно ги снема од продажните места на „Време“, веќе од понеделник почнува акцијата со нови 10.000. Дополнителни 3.000 примероци досега се продадени од дисковите што по цена од 300 денари се пуштени во регуларна продажба. - Во другите бившојугословенски републики, статистиката е следна: во издание на „ПГП- РТС“ преку списанија досега во Србија и Црна Гора се продадени 25.000 цедиња. Во Словенија и во Хрватска, каде што албумот на Тоше е во регуларна продажба по цена од 15 односно 10 евра, издавачката куќа „Далас рекордс“ ми потврди дека досега се продадени 10.000 примероци. Во Босна и Херцеговина, пак, албумот се дистрибуира преку списание во 25.000 примероци и вчера тамошната издавачка куќа „Компани френдс“ не информира дека се е продадено - информира Љиља Петровиќ. На официјалната топ-листа на хрватскиот „Медија сервис“, која ја креираат повеќе од 20 радиостаници, дуетската песна на Тоше и Тони „Лагала нас мала“ веќе осма недела е број еден, далеку пред Нина Бадриќ, „Црвена јабука“ и Арсен Дедиќ. Во Словенија, пак, на тамошните сајтови најсимнуван ринг-тон е хитот на Тоше „Ко ти то гризе образи“. Ѓ.С. „Фајнал кат“ во дилема за концертот Навистина сум во дилема дали концертот на Тоше да се одржи сега или да се помести за идната година, ни открива Љиљана Петровиќ. Сопственичката на „Фајнал кат“ нагласува дека 28 септември е единствениот слободен термин од овој месец на Градскиот стадион, за кога синоптичарите предвидуваат лошо време и дожд. - Концертот е многу скап проект и не сакам да ризикувам. Тој е наменет за публиката, на која треба да и обезбедиме максимално пријатна атмосфера. Ако настанот го одложиме за октомври, времето ќе биде веќе студено, а теренот непогоден. Во моментов сум пред тешко искушение - вели Петровиќ. Потсетуваме дека на само една недела пред закажаниот концерт, „Фајнал кат“ се уште ја нема почнато промотивната кампања. Нема ниедна реклама, ниту, пак, билборди преку кои обожавателите би се информирале за продажбата на билетите.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Продадени 80.000 примероци од албумот на Тоше / 16.09.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: