Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше нема да пее на 28 септември на Градски

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше нема да пее на 28 септември на Градски Empty
PostSubject: Тоше нема да пее на 28 септември на Градски   Тоше нема да пее на 28 септември на Градски EmptyMon Nov 04, 2019 1:09 pm

Тоше нема да пее на 28 септември на Градски
Утрински / 19.09.2005
Откажан големиот концерт на мегаатракцијата во Скопје

Долгонајавуваниот и очекуван концерт на мегаатракцијата Тоше Проески, на жалење на сите негови фанови, нема да се одржи во предвидениот термин - 28 септември на Градскиот стадион во Скопје. "Не смееме да ризикуваме. За 28 септември се најавува лошо време, има голема можност за појава на дожд", ни изјави менаџерката на Тоше, Лилјана Петровиќ. Временската прогноза е добиена во консултација со нашите синоптичари, а терминот е единствен слободен на Градски и соодветен за одржување на најавениот концертен спектакл и промоција на последниот албум на Тоше Проески "По тебе". Веќе на 29 септември заминуваме на мини-концертна турнеја во Канада, а по враќањето времето, веројатно, ќе биде уште полошо. Тоа е она што ме плаши и што не ми дозволува да ризикувам. Сў уште не знам за кога точно ќе го презакажеме концертот, но со оглед на тоа што станува збор за навистина скап проект, концертот, најверојатно, ќе се одржи напролет", додаде Петровиќ.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше нема да пее на 28 септември на Градски
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: