Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше ги одушеви иселениците во Торонто / 07.10.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше ги одушеви иселениците во Торонто / 07.10.2005 Empty
PostSubject: Тоше ги одушеви иселениците во Торонто / 07.10.2005   Тоше ги одушеви иселениците во Торонто / 07.10.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:19 pm

Утрински / 07.10.2005
Концерт на Проески во Канада

Тоше Проески ги крена на нозе нашите иселеници и сите посетители кои на 2 октомври беа дел од неговиот концерт во клубот Гувернмент - Коол Хаус во Торонто, Канада. Суперлативите одат на адресата на уште едно успешно издание на популарниот пејач, но и на продукцијата "Проја", која отсега па натаму, заедно со "Фајнл кат", ќе се грижи за настапите на Тоше во САД и во Канада. Облечен во црна кошула и фармерки, Проески ги одушевил припадничките на понежниот пол и бил презадоволен од одличното озвучување и осветлување за кои се погрижил неговиот братучед Јовица Проески, кој стои зад продукцијата "Проја". За време на престојот во Торонто, Тоше направил и фотосесија за тиражниот дневен весник "Торонто сан" со Алекс Урошевиќ, фотограф кој ги фотографирал Џон Бон Џови, Принс, Стинг... Тој моментално се одмора во Скопје и заедно со обожавателите е во очекување на ДВД-изданието од концертот во Канада што би требало да се појави наскоро.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше ги одушеви иселениците во Торонто / 07.10.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: