Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005 Empty
PostSubject: Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005   Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:31 pm

Време / 14.10.2005
ИЗВЛЕЧЕНИ ДОБИТНИЦИТЕ ВО НАГРАДНАТА ИГРА „СО 'ВРЕМЕ' ДО НОВА КУЌА“

Спектакуларно, во крајно разиграна атмосфера за која се погрижија ѕвездите од македонската поп- и фолк-естрада, завчеравечер во Универзалната сала во Скопје се одржа извлекувањето на големата наградна игра „Со 'Време' до нова куќа“. Сосема очекувано, погледите најмногу беа насочени кон мегаѕвездата Тоше Проески, кој како ексклузивен гостин ја имаше привилегијата да го извлече добитникот на најбогатата стоковна добивка во историјата на македонските игри на среќа - куќа од 70 квадратни метри, комплетно опремена со кујна, спална соба и со телевизор. Големиот музички хепенинг почна со победничката песна од „Охрид-фест“ на Ѓоко Таневски, а во првиот блок настапија атрактивната фолк-пејачка Сузана Ѓавазова, се поафирмираната охриѓанка Орнела и Ѓорѓи Крстевски. Публиката уживаше и во настапот на трубачите „Блезери“, Бени Шакири го отпеа актуелниот хит на „Нонстоп“, а на сцената во Универзалната беа отстапени пет минути и за малку подзаборавениот идол-финалист Дејан Попов. Следуваа „Силви бенд“, Благоја Груевски, Андријана Јаневска и Благица Павловска. Ребека, освен што предизвика воздишки кај публиката со својот провокативен изглед, имаше задача да го извлече добитникот на не помалку провокативниот црвен автомобил „хјундаи гец“. Сузана Спасовска, на задоволство на средовечната генерација во публиката, испеа неколку свои песни, а потоа го извлече и среќниот добитник на скутер. Ексклузивни гости на вечерта беа учесниците на реалното шоу „Тоа сум јас“, кои за оваа пригода се потрудиле да подготват наменски рецитал за наградната игра. Водителката на шоуто Емина го извлече добитникот на наградата клима-уред. На особено добар прием кај публиката наиде настапот на Ноне Неделковска, која буквално не можеше да се одбрани од своите обожаватели, кои незапирливо излегуваа на сцената за да ја прегрнат својата идолка. Тоше Проески токму на манифестацијата „Со 'Време' до нова куќа“ ја почна хуманитарната кампања за собирање пари наменети за операција на очите на 17- годишната крушевчанка Љупка Талевска. Неговиот апел за хуманост предизвика воодушевување кај публиката, која несебично оставаше пари во кутиите поставени на излезот од Универзалната сала. По инсистирање на Тоше, забавата финишира со емотивната „Можеш ли да ја почувствуваш љубовта вечерва“ од Елтон Џон, која ексклузивецот на „Фајнл кат“ ја отпеа во дует со Тамара Тодевска. В понеделник Тоше ќе биде келнер во скопското кафуле „Алиби“ како дел од хуманитарната акција „Познатите примаат бакшиш“. Собраните пари повторно ќе бидат наменети за младата крушевчанка. А. Џ.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Спектакуларна вечер на забава и на награди / 14.10.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: