Утрински / 18.10.2005
ФОТОБЛИЦ
Синоќа, во студиото на хрватската национална телевизија ХТВ беше крунисана најубавата Хрватка, на избор на кој како специјален гостин се појави Тоше Проески. Деветнаесетгодишната Маја Цвјетковиќ од Шибеник, "Мис на Хрватска 2005", ја сечеше победничка торта во ресторанот "Гастро" во Загреб, а во друштвото на убавиците уживаше и нашиот Тоше. Се разменуваа честитки, комплименти и желби за успех на светското финале, а не изостана ниту фотографирањето. За спомен, почеток на ново пријателство или можеби нешто повеќе...