Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005 Empty
PostSubject: Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005   Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:34 pm

Дневник / 19.10.2005
ЗАВЧЕРА ВО "АЛИБИ"

Шанкерот Тоше Проески и келнерката Лилјана Петровиќ завчера од гостите на скопското кафуле "Алиби" добиле бакшиш од околу 13 илјади денари. Парите ќе бидат уплатени на жиро-сметката за помош на 17-годишната крушевчанка Љупка Талевска, која наскоро мора да се оперира во Москва. - Беше преполно од народ и сите што дојдоа беа добронамерни и имаа хумана цел. Презадоволни сме од убавата атмосфера. Покажавме дека секој што сака нешто да направи или ако сака некому да му помогне, тоа може да го направи, потребна е само поголема волја - изјави Лилјана Петровиќ, менаџерката на Тоше. Меѓу познатите ѕвезди што помогнале во акцијата биле и Влатко од групата "Морал", а меѓу гостите биле и сестрите Тијана и Тамара Тодевски. Акцијата "Славните ве служат, славните ве дружат" ја организира кафулето "Алиби" и има хуманитарен карактер. По бурната ноќ Тоше вчера замина за Бугарија, каде што се очекува да потпише договор за промоција и за продажба на најновиот албум на македонски јазик "По тебе" на бугарскиот пазар. На 22 октомври Тоше ќе ги забавува скопјани во "Белата ноќ", а на 27 и 28 ќе настапи на телевизиски емисии во Љубљана и во Сараево, каде што ќе го промовира албумот "Пратим те", наменет за пазарот на поранешна Југославија. (Д.Ј.)
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Тоше и Лилја собраа 13 илјади денари бакшиш / 19.10.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: