Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Вреќи храна за животните во Зоолошка

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Вреќи храна за животните во Зоолошка Empty
PostSubject: Вреќи храна за животните во Зоолошка   Вреќи храна за животните во Зоолошка EmptyMon Nov 04, 2019 1:36 pm

Време / 20.10.2005
ДРУШТВО „ПАУН“

Осумнаесет вреќи храна, тешки по 15 килограми, за жителите во Зоолошката градина в сабота ќе донира друштвото за заштита на животните „Паун“. Оваа донација е дел од манифестацијата „Бела ноќ“, која ја организира градот Скопје. В сабота во 19 часот во Зоолошката ќе бидат поставени штандови на кои сите хумани граѓани ќе може да донираат храна за животните. Од „Паун“ велат дека вреќи храна донирале Кристина Арнаудова, Јагнула Куновска, Калиопи, редакцијата на „Вест“, сопствениците на дискотеките „Процес“ и „Колосеум“, како и на повеќе кафулиња во градов. - Во акцијата што ја организиравме за собирање храна за волците се одѕваа многу приватни фирми. Ниту една ветеринарна амбуланта не не одби. Храната ќе ја однесеме в сабота, а Зоолошката потоа ќе им ја распредели на животните. Слушнав дека Тоше Проески ќе донира едно камионче месо за лавот, а неговата менаџерка Лиљана Поповска ќе донира храна за женката јагуар и за нејзините четири младенчиња - вели Зоран Василевски, почесен претседател на „Паун“. А. Џ.
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Вреќи храна за животните во Зоолошка
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: