Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Најмногу награди за Калиопи и за Тоше / 02.03.2002

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Најмногу награди за Калиопи и за Тоше / 02.03.2002 Empty
PostSubject: Најмногу награди за Калиопи и за Тоше / 02.03.2002   Најмногу награди за Калиопи и за Тоше / 02.03.2002 EmptyFri Sep 20, 2019 10:14 am

Дневник / 02.03.2002
КРУНИСАНИ 12-ТЕ ВЕЛИЧЕСТВЕНИ

Калиопи победи во категориите: најдобра пејачка, албум ("Ако денот ми е ноќ") и композитор, а Тоше ги освои наградите за пејач на годината, концерт на годината и беше прогласен за најпопуларно лице во музичкиот свет >На единаесеттото издание на манифестацијата "12 величенствени", кое се одржа завчера во Универзалната сала во Скопје, во присуство на многубројна публика, составена пред се од луѓе од музичкиот еснаф, беа прогласени најдобрите во музиката за 2001 година. Калиопи и Тоше Проески се најуспешните изведувачи во минатата година според членовите на академијата што ги направи номинациите и реши за наградите. Калиопи победи во категориите: најдобра пејачка, албум ("Ако денот ми е ноќ") и композитор. Тоше ги освои наградите за пејач на годината, концерт на годината и беше прогласен за најпопуларно лице во музичкиот свет од публиката, која гласаше преку купоните објавени во дневниот весник "Вечер". Песната "Кажи ми" на Каролина Гочева беше прогласена за хит на годината. За аранжер на годината беше прогласен Роберт Саздов, за продуцент Дарко Димитров, а за текстописец Огнен Неделковски. "Синтезис" ја понесе титулата група на годината, а на Сашо му припадна наградата за откритие на годината. Видеоизданието на групата "Суперхикс" за песната "Раде" во реализација на "Томато-продукција", победи во категоријата спот на годината. На Агенцијата за спорт и за млади им беше доделена благодарница за специјален придонес во развојот на македонската музика. Наградата за трајни вредности и припадна на Верица Ристевска, која на сцената во Универзална сала со многу емоции, заедно со публиката, ја отпеа песната "Мој галебе" и доби голем аплауз. Годинешното издание на оваа престижна манифестација повторно го поврати стариот сјај, барем кога станува збор за наградите, кои претежно отидоа во вистинските раце. Од наградените на манифестацијата на МРТВ на сцената не се појавија Роберт Саздов и Дарко Димитров, кои од оправдани причини не дојдоа на манифестацијата. Вистинско уживање за очи беа петте номинирани пејачки Калиопи, Каролина, Андријана Јаневска, Кристина Арнаудова и Биба Додева, кои седеа една до друга и во текот на две и полчасовната програма разговараа и се забавуваа. Кога Калиопи излезе на сцена да ја добие наградата за пејачка на годината ги повика и нив, и сите заедно се поклонија пред публиката, која ги поздрави со бурен аплауз. Тие беа единствената комплетна екипа во својата номинација, бидејќи многу од музичките имиња номинирани во другите категории не беа присутни во салата. Многу од наградените реагираа емитовно на сцена, а Тоше Проевски при своето обраќање ја поздрави Каролина, и ја повика публиката и македонска јавност да и ја даде целосната поддршка, како наш преставник за "Изборот на песна на Евровизија". За музичкиот дел од програмата се погрижија Лила Филиповска, која се претстави со својата нова нумера, "Ти верував до крај", Маја Вукичевиќ, Ребека, групата "ЗЗш", како и дел од наградените учесници. Наградите ги доделуваа познати телевизиски водителки од телевизискиот медиум. Водители и годинава беа Живкица Ѓурчиновска и Антонио Димитриевски. На манифестацијата присуствуваа и луѓе од политичкиот врв, меѓу кои и претседателот на Собранието Стојан Андов и министрите Самоиловска-Цветанова и Новковски.
Соња Алексоска - Неделковска
Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Најмногу награди за Калиопи и за Тоше / 02.03.2002
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2002-
Jump to: