TP Umjetnik Covjek Andjeo Admin

Posts: 34 Join date: 2012-01-14
 | Subject: Хуманост и песна за Тоше Thu Jan 26, 2012 12:47 am | |
|  Голем број скопјани денеска ја покажаа својата доблест, дарувајќи ја скапоцената течност за оние на кои им е најпотребна, во рамките на крводарителската акција што ја спроведоа Црвениот крст на градот Скопје и клубот на обожаватели на Тоше во чест на неговиот роденден Акцијата во Домот на АРМ ќе трае до 18 часот, со желба да се продолжи неговиот хуман пат.Денот на раѓањето на нашата најголема пејачка ѕвезда, 25 јануари, беше одбележан и со пуштање во етерот на песната што за Проески ја напишаа членовите на прилепскиот рок-бенд „Трета димензија“, со наслов „Ден за тебе“. „Ангели на небото, меѓу нив еден си. Песната е веќе поставена на Јутјуб, заедно со текстот, а в петок ќе се одржи и нејзината промоција во кафулето „Лимит“ во Прилеп, каде што „Трета димензија“ ќе отсвири и неколку песни од репертоарот на Тоше Проески. Снимена е во прилепското „Просаунд студио“, гитарите се на Рубин Димкоски, а придружните вокали на учениците од средното музичко училиште - Денис Димоски, Ангела Ѓуричанин и Наталија Ристеска  |
|