Tose Proeski

1981 - 2007 - infinity
 
HomeSearchRegisterLog in

 

 Ѕвездите донираа за животните / 24.10.2005

Go down 
AuthorMessage
Admin
Admin
Admin

Posts : 237
Join date : 2019-09-19

Ѕвездите донираа за животните / 24.10.2005 Empty
PostSubject: Ѕвездите донираа за животните / 24.10.2005   Ѕвездите донираа за животните / 24.10.2005 EmptyMon Nov 04, 2019 1:40 pm

Време / 24.10.2005
ЗООЛОШКАТА ГРАДИНА ВО „БЕЛАТА НОЌ“ ГИ СОБРА ХУМАНИТЕ ГРАЃАНИ

Повеќе од 600 килограми храна за животните во Зоолошката градина биле собрани во саботната хуманитарна акција на друштвото за заштита на животните „Паун“ и на градската управа. Познатите пејачи и хуманите граѓани завчера беа едногласни во мислењето дека животните во Зоолошката немаат основни услови за живот и дека новото раководство треба посериозно да се зафати за нивната нега и заштитата. Донаторската акција беше дел од манифестацијата „Бела ноќ“.

- Посетив многу зоолошки градини во повеќе светски метрополи и би бил среќен нашата Зоолошка барем малку да заличи на некоја од нив - изјави Тоше Проески, кој донира 300 килограми месо за лавот. Тој вчера ја посети градината за да го нахрани ова животно. За жителите во Зоолошката, 50 килограми месо донира и градоначалникот Трифун Костовски. Тој нагласи дека мора да се размисли за нова локација на која ќе се премести Зоолошката градина. Таа би била според светските стандарди, а во неа би можеле да се сместат поголем број животни. - Ние веќе преговараме со некои поголеми фирми што би сакале да бидат спонзори на Зоолошката, а за возврат би можеле да се рекламираат на билборди низ градината - додаде Костовски. Новото раководство на Зоолошката за во иднина најавува поголема соработка со Друштвата за заштита на животните. -Пред се мора да се зголеми безбедноста на животните. За таа цел ја зајакнавме чуварската служба, а ќе воведеме и систем за следење преку кој животните ќе може постојано да се набљудуваат - изјави Анастас Петров, директорот на Зоолошката градина. Друштвото за заштита на животните „Паун“ завчера подари 250 килограми храна за волците и за рисот. За животните донираа и Кристина Арнаудова, која одвоила 300 евра за храна за волците, Биба Додева, Весна Петрушевска-Тренкоски, Калиопи, Јагнула Куновска, како и нашата хумана иселеничка во Шведска Живка Ристовска Халгрен. Х. С.

ДА КУПИМЕ ЖЕНКА ЗА КОКО
Друштвото „Паун“ наскоро ќе почне кампања за собирање пари со кои на шимпанзото Коко ќе му се купи женка. Една женка-шимпанзо чини 4.000 евра, а дел од парите веќе обезбедила фондацијата „Мобимак за Македонија“. - За кампањата спот ќе сними Кристина Арнаудова, за да ги убеди граѓаните да донираат по 10 денари за нашата акција. Ќе продолжиме да работиме за подобрување на условите во Зоолошката и конечно да ја симнеме од црната интернет-листа - рече Зоран Василевски, почесен претседател на „Паун“.

ТОШЕ САКА ДА ПОСВОИ ЈАГУАР
Тоше Проески во саботата рече дека сака да посвои бебе јагуар од Зоолошката градина.
- Додека е мало, јагуарчето би го чувал дома, а потоа би го вратил во Зоолошката, бидејќи кога ќе наполни четири месеци му проработуваат животинските инстинкти и станува опасно за чување дома - рече Проески.

Back to top Go down
https://tose.forumotion.me
 
Ѕвездите донираа за животните / 24.10.2005
Back to top 
Page 1 of 1

Permissions in this forum:You cannot reply to topics in this forum
Tose Proeski  :: 2005-
Jump to: